Совети за здрав појадок за слабеење

Ако се прашувате како да изгубите тежина на здрав начин, секогаш започнете со планирање на исхраната.
Можете да најдете многу примери за ова во многу планови на диети, меѓутоа можете да креирате и свои диетални оброци.
Здравиот појадок треба да биде основа на вашата дневна исхрана, што ќе ви обезбеди доволно енергија и хранливи материи.
Производите за слабеење честопати можат да бидат скапи и непотребни. Најправилен начин за губење на тежина подразбира здрава исхрана и физичка активност.
Планот на исхраната (за губење на тежина) треба да биде добро осмислен, за да им одговара на вашите желби, потреби и опции. Најмногу треба да се заснова на балансирани оброци, кои ќе ви овозможат доволно енергија и хранливи материи, како што се витамини и минерали.


Можете да пронајдете многу примери за неделен појадок, како што се диети со јогурт, со јајца и слично, но имајте на ум дека таквите менија честопати не се адаптирани на сечии потреби.
Исхраната ќе се заснова и на тоа колку често вежбате, односно колку трошите енергија дневно. Дали ви е потребен зголемен внес на некои витамини или минерали ако сте вегетаријанци, ако страдате од хронични заболувања, ако сте повозрасни?
Затоа е многу важно да ги земете предвид стручните совети на лекарите или нутриционистите пред да ја промените вашата исхрана.
Најдобар појадок за слабеење би бил оној што ќе ви обезбеди доволно калории и хранливи материи. Треба да одредите колку калории треба да внесувате секој ден, за да ги добиете резултатите што ги сакате, а потоа да ги расподелите по оброци.
Ако не јадете многу за вечера, зголемете го внесот на калориите во другите оброци, а доколку јадете петпати на ден, балансирајте го појадокот со ручекот, а вечерата со ужината.
Исто така, размислете за вашите дневни потреби на маснотии, протеини и јаглехидрати. Ако ги исфрлите тие намирници од појадокот, вклучете ги во другите оброци, според вашиот план на исхрана, во одредени количини.


Храната за слабеење не мора да биде невкусна и досадна и не треба од појадокот да ја исфрлате храната што ви се допаѓа, како што се лебот, овесната каша, житарките или јајцата и сланината.
Доволно е да ги замените со поздрави верзии. На пример, белиот леб можете да го замените со црн или протеински леб, леб со семки и сл.
Идеалниот појадок за губење на тежината не мора да биде рестриктивен или лош. Неговата подготовка зависи од вашиот план на исхрана. Идејата е да се подготвите за остатокот од денот и да не чувствувате глад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.