Совети за шифри од Едвард Сноуден кои хакерите НЕ МОЖАТ да ги пробијат!

Во текот на минатата недела, Едвард Сноуден оствари средба со Џон Оливер и притоа ги изнесе своите ставови за шпионирањето на владата и собирањето фотографии, а дополнително е објавен уште еден дел од разговорот.Овој пат, тема на разговорот беа шифрите на интернет, пришто познатиот свиркач даде совет како тие би требало да изгледаат доколку не сакате некој да ви провали во личните профили.
„Лошите шифри се еден од најлесните начини да го загрозите системот. Кај оние коишто имаат вообичаена шифра од осум знаци, на обичен компјутерџија му е потребно помалку од една секунда да ги испита можностите и да ја пробие“, рекол Сноуден на почетокот.
Оливер потоа предложил неколку смешни варијанти за кои Сноуден требало да каже дали би биле добри, а попат објаснил зошто за шифрите не треба да се ставаат вообичаени низи, па дури и ако тие вклучуваат намерни грешки.
„Мислам дека најмногу ќе ви помогне доколку престанете да размислувате за шифрите како да се зборови, туку да почнете да размислувате за шифрите како да се фрази. Смислете подолга шифра за која не постои веројатност дека ќе се најде во речник“, наведе Сноуден.Овој пат, тема на разговорот беа шифрите на интернет, пришто познатиот свиркач даде совет како тие би требало да изгледаат доколку не сакате некој

Пронајдете не на следниве мрежи: