Совети за шминкање доколку носите очила

Носењето очила повеќе не е проблем. Големиот избор на модели стануваат се поголем хит. Со добро усогласена шминка можете да изгледате совршено, само треба да знаете неколку трикови, боја и количина при нанесување.

Нагласете ги очите

Очилата го прикриваат поголемиот дел од очите, затоа треба да знаете како да ги истакнете. Нанесете маскара, и тенок или дебел слој на молив/туш за очи,во зависност од рамките на вашите очила.

Малку шминка на капаците

Со тоа што се прекриваат поголемиот дел од очите,не треба да се грижите која сенка ќе ја изберете. Доколку имате таква желба, поприкладно би било да ставите некоја неутрална боја која нема да се истакнува многу.

Обратете внимание на очилата

Доколку несе чувствувате пријатно во нив, мислите дека не ви стојат добро, употребете кармин во смела нијанса. Црвена, розе и лила, кои ќе привлечат внимание.

Не заборавајте руменило

На местото каде очилата ви ги допираат образите, ставете руменило, Дадете и на кожата свеж изглед, како да свети.

Добро обликувајте ги веѓите

Редовно средувајте ги веѓите, тие ги нагласуваат очите и кога носите очила. Доколку вашите веѓи се тенки и ретки, средете ги со моливче за таа намена или со сенка ускладена со бојата на вашите веѓи.

Немојте да претерувате со шминката

Нејќете вашето лице да изгледа натрупано и неугледно во исто време. Посебно ако носите рамки во боја, држете се до едноставност. Со очила може да изгледате гламурозно и шик во исто време било каде даги носите. 

Пронајдете не на следниве мрежи: