Поради одлуките кои беа донесени на последната седница на Советот на Опшина Берово од страна на мнозинството кое го има советничката група на СДСМ, во ОСУ “Ацо Русковски“ во Берово се одржа седница на наставничкиот совет во проширен состав на кој беа поканети и сите советници.Сепак и покрај присуството на претставници од советот на родители, училишен одбор и советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на советниците од СДСМ уште еднаш покажа дека токму тие се против нормалното функционирање на образовните институции во Берово и против задржувањето на позитивниот тренд на развој и тек на образовниот систем во општината.
Седницата беше свикана со една единствена точка а тоа е донесувањето на одлуката на Советот на Општина Берово каде токму мнозинството кое го имаат советниците од СДСМ гласаа против одлуката за формирање на паралелки со помал број на ученици и дадоа согласност за укинување на една паралелка во прва година.
Со ова, според предвидените 5 паралелки во гимназиско образование (4 во Берово и 1 во Пехчево) и 2 во стручно образование, советниците од СДСМ сметаа дека во Берово треба да бидат само 3 паралелки во гимназиско образование, со што би се направила комплетна реорганизација на часовите и учениците во паралелките кои досега беа организирани како во барањето до Советот доставено пред започнувањето на учебната година.
Мислењето на советниците од СДСМ се коси и со Даденото позитивно мислење од страна на Министерството за образование и наука за формирање на вкупно 7 паралелки во прва година, а на револт наиде и кај вработените, родителите и самите ученици од прва година.
Веројатно токму заради тоа, заради своеволието во нивното работење и искажување на политичка надмоќ дури и кон Министерството за образование и наука, советниците од СДСМ и сега не беа присутни на состанокот со кој ќе се соочеа со реалните факти и потреби на училиштето кое и понатаму продолжува да добива награди и проекти од сите области, меѓу кои и дооформување на образованието.Сепак и покрај присуството на претставници од советот на родители, училишен одбор и советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на