Советот на јавните обвинители денеска (среда), а најдоцна до крајот на неделава ќе одржи седница на која ќе се зборува за стручноста и постапката на специјалната обвинителка Kатица Јанева при примањето наводно материјали од незаконско прислушување од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврдуваат извори од Советот, пишува ДНЕВНИК.На седницата се очекува да се донесе заклучок со кој ќе се бара отчет од Јанева како точно се одвивало примопредавањето и дали постои некаков пишан документ – листа за она што е примено во Специјалното јавно обвинителство. На Јанева ќе ~ биде даден рок во кој ќе треба писмено да го извести Советот за сите детали од овој случај вклучително и законските одредби што биле искористени за таа да му ги побара снимките на Заев, но и административното водење на предметот во институцијата, како што се записници и слично.
Советот на јавните обвинители е единствениот орган што има право да ја цени стручноста во работењето на специјалната обвинителка откако со законот со кој таа беше именувана се изземени сите овластувања на редовното Јавно обвинителство на РМ, па Јанева нема обвинител кој е непосредно повисок од нејзе. Независното тело на обвинителите, како што потврдија и минатата недела, реши да побара отчет од Јанева откако таа самата, а претходно и Заев ги потврдија сомневањата во јавноста дека не постои записник за примопредавањето на 30 декември, што ,според Законот за кривична постапка, е задолжително.
Откако ќе се добијат одговорите од Јанева, Советот на јавните обвинители ќе треба да реши дали ќе води дисциплинска постапка против обвинителката за несовесно и нестручно работење, што би можело да доведе до нејзино разрешување.
Јанева, како што самата потврди пред една недела, свесно не составила записник од предавањето на материјалите од Заев бидејќи, според неа, за тоа немало потреба.
– Jа уверуваме јавноста дека целокупното постапување на ова Јавно обвинителство е согласно законските прописи и околноста што не е сочинет записник во моментот на самото предавање на материјалите не е пропуст во смисла на законските одредби. Материјалите што се доставени, се доставени по претходно барање на јавниот обвинител упатено согласно член 287 од Законот за кривичната постапка. Согласно овој член, не се бара сочинување на записник, а и ако побарате информации за начинот на постапување во јавните обвинителства кога се примаат докази по овој член, ќе наидете на истиот одговор и на истата пракса на работење – тврдеа од Специјалното обвинителство.
Ваквото толкување на Јанева повторно предизвикува реакција кај правници, кои велат дека составувањето записник е општа обврска што ја предвидува Законот за кривичната постапка за секое дејство, а не поединечно. Дури и да не се нарекува записник, велат тие, во СЈО мора да постои писмен доказ – листа за тоа што е побарано од СЈО, а потоа што е примено од Заев.
Имено обврската за составување записник не се содржи во секој член од Законот за кривична постапка, кој се однесува на некое дејство (барање податоци, сослушување лица, претрес, одземање предмети и сл.), туку се работи за општа одредба, која важи за сите преземени дејства.
Kако што објавивме по признанието на Заев, а сега и на Јанева дека свесно не составила записник од предавањето шест картонски кутии наводно со транскрипти и еден хард диск наводно со снимки од незаконски прислушувани разговори, следува разрешување од функцијата поради нестручно и несовесно вршење на функцијата согласно Законот за јавното обвинителство. Kривичарите со кои се консултиравме велат дека постојат елементи и на злоупотреба на службената положба и овластување.
Kоја е постапката за разрешување на специјалната обвинителка?
Според Законот за специјалното обвинителство, „Јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконско, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Ако Советот на јавни обвинители почне постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието на Република Македонија“. Собранието, со претходна согласност на четирите најголеми партии, треба да состави предлог за разрешување. Предлогот за разрешување Собранието го носи со двотретинско мнозинство плус Бадентер. Потоа парламентот ваквиот предлог му го доставува на Советот на јавните обвинители, а тој го врши разрешувањето.На седницата се очекува да се донесе заклучок со кој ќе се бара отчет од Јанева како точно се одвивало примопредавањето и дали постои некаков пишан