Совршен десерт: Чоколаден мус

Лесен за подготовка, а неворојатно вкусен….Состојки:
500мл слатка павлака
200гр црно чоколадо со 70 % какао
5 јајца
50гр путер
5 лажици шеќер
Кора од портокал
Подготовка:
Во сад на пареа стопете го чоколадото и путерот. Во меѓувреме изматете ги белките во цврст снег постепено додавајќи го шеќерот . Кога чоколадото ќе се стопи во него постепено додадете ги жолчките една по една матејќи со миксер за да не се направат грутки. Потоа додадете ја кората од портокал. Слатката павлака сматете ја и потоа додадете ја во жолчките полека мешајќи со лажица. Потоа на крај додадете ги белките. Кога се ќе измешате сипете ја смесата во садовите кои претходно  сте ги подготвиле и изладиле во ладилник на час- два. Мусот можете да го  декорирате со рендано чоколадо, овошје или шлаг по желба.Состојки:
500мл слатка павлака
200гр црно чоколадо со 70 % какао
5 јајца
50гр путер
5 лажи

Пронајдете не на следниве мрежи: