Совршено, брзо и евтино: Колач со сливи и јаболка

Брзо се подготвува, идеален е за десерт, но и за слатка ужина!Состојки:
1 пакување лиснато тесто
300г сливи
300г јаболка
150г шеќер
1 ванилин шеќер
40г путер
Рум
Подготовка:
Посипајте шеќер на дно на плех, па наредете го овошјето: ред сливи исчистени од семки, ред кришки од јаболка. Посипајте ванилин шеќер врз овошјето, попрскајте со рум и зачинете со грутки путер на неколку места. Развлечете го лиснатото тесто така што ќе го прекриете овошјето и малку тесто завлечете од страна, на крајот од плехот.
Печете околу 40 минути на температура од 200 степени. Кога тестото ќе биде печено, извадете го плехот и оставете колачот да се олади.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
1 пакување лиснато тесто
300г сливи
300г јаболка
150г шеќер
1 ванилин шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: