Совршен рецепт за летно време. Едноставно и вкусно, имате потреба од неколку различни видови на овошје, млеко и блендер, а добиениот шејк може да издржи и 2 дена во фрижидер. Идеален е ако се чувствувате гладни меѓу оброци, а немате време да спремате некое јадење или ужина. Овошниот микс е погоден и за појадок, во комбинација со вашите омилен мусли или пак за вечера. Овој шејк содржи околу 340 милиграми калциум, кој е добредојден во секое време од денот.
Ова се потребните состојки:
100 гр. рибизли (може да користите и истото количество капини, малини, јагоди)
150 гр. нискомаслен јогурт,
80 милилитри нискомаслено млеко,
2 тенки парчиња ананас исечени на коцки
1 банана
1 средно голема кива ,
2 лажици излупени пченични никулци (по желба)
Начин на подготовка:
Ставете ги сите производи во блендер, освен пченични никулци. Блендирајте додека не се добие глатка смеса. Пред да го испиете шејкот, додадете ги пченичните никулци. Ако не го консумирате веднаш, ставете го во фрижидер.
Прочитајте повеќе на najadise.mkСовршен рецепт за летно време. Едноставно и вкусно, имате потреба од неколку различни видови на овошје, млеко и бленде