Овој оброк е лесен за подготовка и превкусен за дегустација!
Состојки:
– 350гр шампињони
– 200гр сирење
– 4 лажици павлака
– млад лук
– 180мл јогурт
– 2 јајца
– 100гр кашкавал
– малку сол
Подготовка:
Со нож одвоете ги шампињоните и оставете ги на страна. Шампињоните наредете ги во намастен сад за печење. Посолете по вкус, наполнете ги со сирење и во претходно загреана рерна печете ги на 180 степени околу 10 минути.
Остатоците од шампињоните и ситно исецканиот лук, пропржете ги на тивок оган. Посолете ги и доколку сакате ставете малку бибер. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја да се олади.
Кога ќе се олади, ставете ја павлаката и ренданиот кашкавал.
Врз секое кругче шампињони, нанесете по малку фил.
Преостанатиот фил помешајте го со јогурт и јајца и добро изматете го. Прелијте го филот преку шампињоните и запечете го во рерна на 200 степени додека не зарумени и не направи кора. Откако ќе ја извадите тавата од рерна, одозгора ставете малку рендан кашкавал и повторно вратете ја назад се додека кашкавалот не се растопи.Состојки:
– 350гр шампињони
– 200гр сирење
– 4 лажици павлака
– млад лук
– 180мл јогурт