Совршено за појадок: Брз рецепт за познатиот шпански омлет!

Шпанскиот омлет е познат низ светот како една од највкусните идеи за појадок широко прифатена од многу нации.Неговите варијации можете да ги сретнете во многу земји, но сепак оригиналниот рецепт е рецептот со кој ќе го добиете автентичниот вкус на Шпанија.
Потребни состојки:
3 јајца
2 лажици млеко
малку путер
домати
шунка
кашкавал
сол и црн бибер
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата заедно со млекото и додадете малку сол и црн бибер.
2. Исечкајте ги ситно шунката и доматите и изрендајте го кашкавалот.

3. Истурете околу 2/3 од смесата во подмачкана тава на оган и додатете ги одозгора сечканата шунка, доматите и ренданиот кашкавал. Превртете кон средината мал дел од едната страна на омлетот а во празното место истурете ја преостанатата смеса.

4. Штом ќе добие златно кафеава боја, свиткајте го во ролна и спремен е за послужување.

Неговите варијации можете да ги сретнете во многу земји, но сепак оригиналниот рецепт е рецептот со кој ќе го добиете автентичниот вкус на Шпанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: