Нешто ново и интересно!
Изненадете ги домашните и пријателите со по еден лазања сендвич

Потребни состојки:
100г. рикота
неколку кришки леб (во зависност од тоа за колку луѓе готвите)
70г. путер
сол и бибер
исецкани листови свеж босилек
100г. сецкана моцарела
свежи шери домати
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги зачините (сол, бибер и босилек) со рикотата за да го добиете намазот.
Ставете моцарела на кришките леб, а потоа додадете ги сецканите шери домати.
На другите парчиња намачкајте дебел слој од намазот со рикота. Во тава растопете го путерот, а пред тоа преклопете ги кришките леб.
На тивок оган почнете да ги прижите своите сендвичи. Пржете додека не добијат крцкава кора.
Пронајдете не на следниве мрежи: