Совршеното алиби на Јанева со Грчев

Независната Kатица Јанева го најмила независниот Мирослав Грчев – експерт каков што Архитектонскиот факултет има сега и никогаш повеќе, за заедно во легална постапка да докажат какви мразачи на политички неистомисленици се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски… Тоа накусо би било сижето на случајот ТНТ (по старо „Kосмос“) што го води Специјалното јавно обвинителство. Така доброто ќе го победи лошото во Македонија и најпосле ќе биде светлина. Така барем гледаат оние што секојдневно ги шараат вратите на Скопје за да можат воопшто нешто да видат. Но дали навистина е така, може да се провери само ако се тргне од почеток.Прво, независната Kатица Јанева. Зборуваме за Јанева чиј избор за специјална обвинителка го направија странски амбасадори само затоа што била на некој нивен прием и семинар како тазе обвинителка. Зборуваме за независното специјално обвинителство чија автономија го руши целиот систем на обвинителството во една држава и го крши Уставот. Зборуваме за независната Јанева, која прво не му ги ни бараше снимките на Заев, а потоа кога му ги побара, не му направи записник, зборуваме за Јанева, која го ослободи Верушевски од притвор иако води процес против него, додуша постојано го одлага до бесвест. За независната и непристрасна Јанева чии обвинителки рафално се расфрлаат со политички наместо со правни квалификации кога обвинети се оние од ВМРО-ДПМНЕ… Има и уште, но доволно за да ја прогласиме за „независна“ засекогаш, така?
Второ независниот Мирослав Грчев, експертот пар екселанс кој попатно одржува прес-конференции од името на СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ, партијата чии функционери ќе оценува дали се огрешиле кога го урнале „Kосмос“ на Фијат Цаноски. Истиот независен Грчев кој веќе еднаш вештачел за истиот предмет, но тогаш најмен од Цаноски кој е во коалиција со СДСМ. Независниот Грчев, кој во желбата професионално и независно да извештачи, тогаш го потпишал вештачењето од името и на Архитектонскиот факултет, каде што работи без абер за тоа да има деканот, а притоа злоупотребувајќи ги службениот печат и штембил. Независниот Грчев, кој како градоначалник на СДСМ во Центар го „изгради“ Дебар Маало со згради, но остави сокаци наместо улици. Има и уште, но доволно за го прогласиме за „независен“ засекогаш, така?
Трето, еве да прифатиме дека Грчев е тој професор од Архитектонскииот факултет чија експертиза е потребна во еден случај кој се занимава со градежни работи и знае да каже дали овие од ВМРО-ДОМНЕ толку го мразеле Цановски та му го срушиле противправно објектот. Еве да го прифатиме и образложението на СЈО дека тие го најмиле Факултетот, а не директно Грчев, па причини за изземање нема. Зарем не помисли никој од кај Јанева дека сите нивни добри, независни намери нема да ги доведе до пеколот во кој секој ќе се посомнева дали Грчев настапувал како експерт или како партиски чиновиник? Зарем не помисли Јанева дека токму на Груевски, кој го посочи како главата на случајот „ТНТ“ му дава супераргумент да ја оспори целата нејзина обвинителска теза вадејќи ~ го Грчев како вештак против него? И зошто вакви „автоголови“ ~ се потребни на специјалната обвинителка? Зарем не можеше Јанева да потроши од милиони евра малку повеќе од 42.000 денари (кога веќе дели илјадници евра на своите соработници и на други „независни“ експерти) и да најми некој навистина независен вештак и да си ја оправда фразата „работиме стручно, независно и законски“? Или, пак, с` е однапред смислено, с` е едно совршено алиби за иден неуспех во постапката?
Катерина Нешкова за ДневникПрво, независната Kатица Јанева. Зборуваме за Јанева чиј избор за специјална обвинителка го направија странски амбасадори само затоа што била на не

Пронајдете не на следниве мрежи: