Соживот. Таа несреќна кованица на „Со“ и Живот за која 90% од луѓето немаат поим што точно значи а 10% од популацијата ќе ти одговорат со пароли кои им се инсталирани во главите од глобализациската машинерија. За тие 10% корисни идиоти, соживот е токму тоа, парола извикана гласно под чвор од две национални знамиња врзани едно за друго. На тоа се сведува. И „When the music is over“ истите ќе си ги здиплат знамињата под мишка и секој на своја страна, кај своите, или евентуално на некоја работилница за ефикасно релаксирање на меѓуетнички тензии каде што ќе се гаѓаат со фрази гледајќи на часовникот. Но добро изгледа во ЦВ-то. Особено ако градиш кариера на шупак кој сере по своето наследство и традиција во името на глобализациската догма. Денес тоа е добро платена кариера. Порано беше доволно да си човек. Човекот е етички еманат за кој е доволно да живее живот. Етичките норми и доброто воспитание до пред само 20 –тина години беа доволни за комуникација со било кој човек и да живеете живот, со почит кон личните ставови и етичките норми на другиот. Тоа беше доволно. Сега веќе не. Не е далеку денот кога ќе ви треба прирачник за соживот од кој ќе треба да читате за да бидете коректни кон сите варијации на едно компликувано суштество наречено човек во сите негови варијации, форми и аспекти. Страшна е таа иднина. Но глобализацијата е сурова и ги јаде сопствените деца.
Соживотот е шарена лага,ПР трик на левичарите – ударната тупаница на глобализацијата. Тезата е едноставна, да не речам глупава и се состои од тоа дека за комуникација помеѓу човечки битија кој се од различен религиски, етнички па дури и политички бекграунд, треба да постојат додатни правила во односот и комуникацијата, инаку настанува проблем. Шизофрена идеја која требаше некако да се продаде и да се најдат луѓе кои се волни да ја продаваат. Такви луѓе тешко се наоѓаат кај демохристијанските десничари кои со векови држат до сопствените конзервативни ставови и исто таквата поврзаност со религијата и тоа примарно како етички дискурс, една фино рафинирана етика која е доволна за комуникација со рационално човечко битие. Значи продавачите на маглата наречена соживот, мораше да се бараат токму на спротивната страна, кај радикалната атеистичко – анархистичка левица. Тие беа одбрани да ни го преуредат светот да ни го корегираат светогледот во кој ништо не беше расипано. Ако пред 20-тина години одевме да пиеме чај и оролет во чаршија, одевме кај пријатели, соседи, познаници. Заради чајот. Сега посетата на чаршијата е културолошки настан при кој треба да бидеш внимателен и коректен. Идеолошка авантура. Довчерашните комунисти кои се колнеа во Братство и единство брзо се учипуваа на модерниот глобализам. Тоа им изгледаше како логичен след на комунистичкото наследство. Така убаво се насадија на либералниот радикализам што заборавија дека истиот потекнува од земјите кои нивните дедовци преку песна посакуваа да станат пролетерски. И тоа не е грев. Поголем грев беше што олигархијата во тие земји одлучи дека сите пари треба да ги поседуваат 2% од луѓето и дека капитализмот како систем не може да им го обезбеди тоа. За да се случи тоа, луѓето, популацијата, треба да се подели по што повеќе параметри. Така настана глобализацијата и соживотот како еден од нејзините нуспроизводи. Она што до вчера беше соседот чичко Ахмет, денес е Ахмет, Албанецот, муслиманот, црниот, хетеросексуалец што живее над мене. Голема дефиниција за големи забуни за потешка комуникација. Тоа е целта. Гетоизација како дел од светскиот глобализациски феномен. Во превод, албанче родено денес, во Македонија ќе добие можност да се школува исклучиво со албанчиња, исклучиво на албански јазик се до крајот на својата едукација и со голема веројатност ќе живее во етничко/религиски хомогена средина. Македонски ќе може да слушне само на телевизија а за мојата религија дури ни таму. И како ќе се инкорпорира тоа во Македонија? Нормално, ќе му помогнат иљадници НВО-а кои ќе му организираат тркалезни маси и работилници на таа тема. Ступиден концепт нели? За разлика од десничарскиот национал патриотски модел кој нуди утврдување на нацијата како стожер на државата а таа понатаму многу полесно комуницира со другата нација врз база на праведни етички принципи и концепти. Значи без инхибиции и наметнати заштитни стандарди. Таквиот концепт ми дозволува мене како Македонец да го барам најдобриот ЧОВЕК за завршување на некоја работа без разлика на тоа од која нација, вера, етникум или социјална средина потекнува. Тој концепт ги буни радикално левичарските атеисти зошто се лишени од базичниот концепт на етика како добро воспитание. Тие плукаат по Господ но бараат нова вредност во лажни догми кои не делат по повеќе параметри од колку што не зближуваат. Затоа денес Струга и Кичево се „Албански“ и тие левичарски лајна сеуште не можат да го разберат револтот на населението кое 2004-та протестираше против тие одлуки. Да, добро слушнавте. Реков протестираше но тој народ таму никој не го штедеше. Беа повикани специјалци да тепаат и бранат шизофрени концепти дека село на 30 километри од Струга кое е поблиску до Дебар треба да решава кој ќе раководи со Струга и кои се потребите на стружаните. Тие кои не поделија на Македонци и Албанци, денес врзуваат знамиња едно за друго и ни попуваат за соживот. До душа пред два дена видовме дека другата страна на равенката не љуби баш многу да го врзува сопственото знаме за македонското. Дознавме дека таа гетоизација, тоа барање посредници во комуникацијата кај албанците родило сосем нови (стари) идеи. Затворени во своите боксови како Струга, Кичево, Тетово, Арачиново, тие ја загубија перцепцијата за нас Македонците како нивни соседи и пријатели. Сега секој обид да ги убедите дека сите сме граѓани во една етнички дефинирана Македонија со граѓански концепт, е залуден. Некој наместо да ги интегрира, реши позитивно да ги дискриминира. Тоа беше нашата гетоизација. Таа наместо дијалог на маса донесе викање преку ѕидови. А ѕидовите страшно го дисторзираат звукот и тука нема дијалог. Тука веќе нема граѓанство, тука постои само етникум кој бара права врз база на процент, не права за сите. Истите проценти не важат во Струга,Кичево и Тетово. Таму е друга математика. Затоа драги господа левичари, атеисти и останати продавачи на магла, престанете да врзувате знамиња – отидете живејте го животот на Македонец во Струга. Отидете на боза во Чаир, на излет во Батинци, на викенд во Тетово. Можеби тогаш ќе врзете некоја саглам мисла и ќе почнете да зборувате за ЖИВОТ без разлика на етникум, вера, нација и идеологија за разлика од испрдокот наречен соживот кој почнува и завршува под чворот на двете врзани знамиња на митинг. Можеби тогаш и ќе ви се случи откровение, а се до тогаш останете ми со надеж дека Геровски ќе отиде на митинг на Беса со македонско знаме а федерализација е само еден фенси-шменси израз за братска љубов. А секако ви посакувам и да имате митинг во Приштина на кој на вашите шарени соборци од Косово ќе им возвратите за понеделничката посета која ви овозможи по релаксирано „разубавување“ на Порта Македонија. И не пропуштајте шанса на косоварите да им одржите една лекција за слобода и демократизација од плоштадот во Приштина со високо кренати македонски знамиња. Во тоа име ве поздравувам со редовното,
ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
Пишува Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарНа тоа се сведува. И „W