Оливер Спасовски од самиот почеток на своето работење, со првата одлука, создаде хаос во МВР, а со сите натамошни само докажуваше колку не се грижи за Македонија. Спасовски докажа дека е воден само од деструктивни теснопартиски, а не национални интереси, за кои во минатото се бореа илјадници Македонци, се вели во соопштението на Бедем.интегрален текст од соопштението на Бедем
Спасовски од првиот момент на стапување на функцијата технички министер, покажува невидено непознавање и непочитување кон одговорноста која ја презема. Последниот скандал е врв на неодговорното однесување кое кулминираше со обвинувањето дека Јохан Тарчуловски незаконски користел возила и обезбедување од МВР.
Спасовски, зарем не ти е срам единствениот човек кој беше осуден од Република Македонија по конфликтот во 2001 година да кажеш дека нема право на заштита од МВР?
Македонскиот херој Јохан Тарчуловски со години лежеше во затвор во туѓина затоа што беспоштедно се бореше за својата татковина. Ти лежеше мирно во твојот безбедно засолнет кревет, затоа што постоеле херои како Јохан. Спасовски, зарем можеш мирно да спиеш кога ти го осудуваш и распнуваш по медиумите нашиот брат и соборец само заради тоа што некој ти нарачал политички да се пресметуваш?
Спасовски, зарем не ти е јасно дека Република Македонија е над секоја партија? Можеш ли да го сфатиш тоа? Дека во 2001 година не се бореше СДСМ во војната, туку бранителите на Република Македонија? Дека не гинеа луѓе членови на партии, туку Македонци кои ја бранеа Македонија?
Дека во затвор не лежеше симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ со кој сега ќе се пресметуваш, туку лежеше херој на Република Македонија? Министре Спасовски, свесен ли си дека го обвинуваш човекот кој лежеше затвор и за одбрана на твојата безбедност и безбедноста на твоите деца? Затоа ли го казнуваш Јохан?
Каков министер за внатрешни работи си ти, кога цел месец се занимаваш со банални работи и измислуваш непостоечки афери, додека светот врие и каналите на тероризмот одат и низ Македонија? Што правиш ти во вакви моменти?
Ти одлучуваш како прв приоритет да имаш напад врз македонските херои. Според тебе после години поминати во затвор и после стотици закани по нивниот живот, бранителите немаат право на заштита од МВР бидејќи ти така си одлучил. Погледни го само Фејсбук профилот на Јохан, ќе ти стане јасно што тој претставува за крвниците на Македонија и на што се подготвени тие. Срам да ти е, министре Спасовски. Ти ќе бидеш директно одговорен доколку му се случи нешто на нашиот брат и соборец.
Со кој образ ќе бидеш командант на специјалните сили? Со кое лице ќе издаваш наредби? Знаеш ли што правиш, министре? Свесен ли си дека си играш со Република Македонија? Јасно ли ти е дека МВР не е партиска играчка преку која ќе ги лечиш сопствените и фрустрациите на СДСМ?
Каков пример им даваш на идните херои на Македонија? Им вртиш грб, исто како што СДСМ им сврте грб во 2001 година. Исто како што им сврте грб во Куманово. Градот во кој ти, министре, дојде да се сликаш насмеан со локалното население, додека македонските мајки плачеа за загинатите синови, а повредените полицајци се бореа за живот во болниците. Ти не отиде да ги посетиш луѓето на кои сега си им командант, туку отиде со твојот лидер да си правите селфи на местото каде нашите синови гинеа.
Ваков срам досега немало. Доколку дојде повторно лошо време во Македонија, земјата ќе ја бранат пак луѓе како Јохан. Луѓе како тебе од комотна фотелја ќе ги потоа повторно ќе ги осудуваат нашите херои, но тоа нема да не демотивира. Македонија е поголем мотив од вас господине Спасовски.
Македонија никогаш нема да биде оставена да ја бранат бесрамни и плашливи профитери како тебе. Македонија ќе ја бранат нејзините вистински херои, како Јохан Тарчуловски. Министре Оливер Спасовски, ти си срам за Македонија. Но, оваа земја издржала и поголеми зла. Го очекуваме твоето заминување од функцијата со нетрпение.
Ако имаш доблест треба да си поднесеш оставка за ваквото срамно однесување.интегрален текст од соопштението на Бедем
Спасовски од првиот момент на стапување на функцијата технички министер