Спасовски: Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите за состав на Влада

Денеска остваривме една средба со претставници на Алијансата на Албанците и разговаравме за актуелните теми во Македонија. Разговаравме за иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за потребите на граѓаните, за остварувањето на националните интереси на Македонија, членството во НАТО и ЕУ, економскиот развој и подобрувањето на животот на граѓаните на Република Македонија, изјави денеска генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски по денешната средна со раководството на Алијанса на Албанците.– Исто така, разговаравме и околу декриминализацијата и принципот на едно општество, генерално, за принципите кои ги застапуваме и за кои се залагаме и секако разговаравме и околу принципите за формирање на парламентарното мнозинство во Собранието, што ќе придонесе за промена на власта, но ќе придонесе и за реализација на сите принципи за кои разговаравме денеска на оваа средба.
Ние генерално разговаравме за принципите и очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за да може да го земеме мандатот за состав на влада. За тоа се разговара. Кога ќе имаме генерално затворени прашања или конечни ставови по однос на предлозите, тогаш ќе ве инфомираме.
На новинарското прашање дали употребата на албанскиот јазик во судските процеси е најважното прашање, Спасовски повтори дека се уште се одвиваат разговори.
-Разговараме околу ставовите и предлозите кои ги имаат и едната и другата политичка партија, кога ќе бидат услогласени ќе добиете информација.
Тој не ја исклучи можноста повторно да се сретнат со Алијанската на Албанците.
-Кога и да имаме потреба. Како сериозни луѓе, како партнери, како луѓе кои и мислат добро на Македонија, ние сме подготвени да разговараме во секој момент. Во врска со предлог законот, реков дека сите одговори ќе ги добиете тогаш кога ставовите на СДСМ и ДУИ ќе бидат усогласени – рече Спасовски.– Исто така, разговаравме и околу декриминализацијата и принципот на едно општество, генерално, за принципите кои ги застапуваме и за кои се

Пронајдете не на следниве мрежи: