Спасовски води класично политиканство во ситуација кога во Македонија постои ризик од тероризам

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски со дилетантски настап ја доведува во прашање безбедноста на лицата кои ги посочи на вчерашната прес-конференција. Ваков е ставот на безбедносните експерти, кои коментираат дека Спасовски води класично политиканство, односно во ситуација кога Република Македонија е под закана од огромен наплив на мигранти и ризик од тероризам, техничкиот министер се занимава со банални случаи како скршени прозори во општина Центар и кој имал обезбедување заради безбедносен ризик.Причината поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на вчерашната прес конференција на Спасовски е закани по нивната сигурност и лична безбедност.  Дел од работите поради кои е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица се закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските.
Според универзитетскиот професор Оливер Андонов, може да се забележи дека СДСМ во МВР спроведува политичко-опструктивна власт, додека суштински дополнителниот заменик министер Митко Чавков ги извршува професионалните обврски на Министерството.
-Барем досега не слушнавме ниту една изјава од министерот Спасовски во која се занимава со нарушувањето на безбедносната состојба во Македонија од аспект на критичните ризици и закани како што се меѓудругото мигрантската криза и зголемениот ризик од терористички напади. Да биде уште пострашно, со оваа свое однесување, а особено преку ограничувањата на овластувањата, секако пренесени на директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање министерот ги усложнува и успорува процедурите за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи во критични моменти, вели Андонов.
Тој додава дека пласирањето на полувистини и конструкции со силна поддршка на некои медиуми и тоа од Министерството за внатрешни работи и неговиот прв човек и насоченоста кон политичко делување во потполност за неполн месец ја покажа сликата за тоа како СДСМ мисли да владее со Република Македонија доколку дојде на власт.
-Во основа се владее за да се покаже сирова и груба моќ на политички деспотизам во кој се забележува дури и озлобеност кон политичките противници, а нема траги од сензибилност, знаење, професионализам и грижа за државата и граѓаните во креирањето и донесувањето на политичките одлуки во областа на безбедноста. Овој практичен настап загрижува и тоа во повеќе аспекти. Во основа не се ставаат како приоритет националните интереси и безбедноста на Македонија туку политичкиот интерес на СДСМ.
Универзитетскиот професор додава дека јавните декларации за професионализам се само празни флоскули за дневно политичка примена.
-Непостои конзистентност и воспоставена стратешка цел во делувањето при раководењето со МВР во насока на засилување на безбедноста на државата и елиминирање и превенирање на безбедносните ризици и закани, а што асоцира на немање на стратешка позиција за водење на државата во политиката на СДСМ. Истиот тој министер паралелно како „професионалец“ впрочем како и неговите советници извршува висока партиска должност и ги употребува ресурсите на министерството за партиски цели, а од друга страна поставува прашање и тој лично и СДСМ како партија за неупотреба на државни ресурси во партиски цели, но само кога треба да се прави искривена слика во јавноста во однос на постапките на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само уште еден показател за практичното лицемерие на СДСМ најочебијно во Министерството за внатрешни работи, смета Андонов.
Според него, крајниот заклучок на оваа однесување е дека за СДСМ како политичка платформа не е важна Република Македонија и нејзината безбедност туку да се дојде на власт.
-Од тука и видовме дека изостана било каква стратешка безбедносна одлука на министерот Спасовски што ќе придонесеше за унапредување на безбедноста туку сите сили и постапки се насочени кон политичко поентирање. За тоа како се однесува кон вработените во министерството и со какви ветувања, додворувања, уцени и закани се служи тој и неговите советници веројатно од крајно професионални причини или со намера да им ја поттикне професионалноста и да ги мотивира во работата, веројатно јавностаќе дознае  дури по изборите во Април кога господинот Спасовски ќе биде минато, вели Андонов.
Постапките на Спасовски се политикантство и тотален дилетантизам
Андонов смета дека Спасовски со вчерашната прес-конференција, исто како и со одземањето на овластувањата, техничкиот министер повторно избрзал со своите заклучоци и јавни обвинувања.
-Со ова само се потврдуваат тенденциите кои ги има во однос на своето работење во министерството, но мене повеќе ме зачудува како неговите „професионални“ советници не успеаа да го советуваат стручно и професионално дека дури откако ќе се заврши истрагата и ќе се добијат потврдени докази за дотогашните сомненија може да се излезе во јавноста и да се основано осомничи некој за злоупотреба на службена должност или било кое друго дело. Мене помалку ми се чини дека СДСМ се обидува да направи што повеќе сензационалистички пристап што е далеку од професионалност особено во МВР, секако дека може некаде да се најдат пропусти во работењето на поедини овластени службени лица или функционери, но колку се големи и какви последици предизвикале врз безбедноста на државата е сосема друг аспект на гледање кои најпрво треба да се аргументира а потоа да се окарактеризира на соодветно ниво. Вака СДСМ по се изгледа се обидува да направи сензационалистичка тензија дури и за најразлични баналности со која ќе ја држи македонската јавност како заложник се до изборите, а воедно со секоја неуспешна сензационалистичка вест и настап на министерот Спасовски да се покрие со друга уште по ступидна вест или постапка, вели Андонов.
Андонов додава дека постапките на Спасовски се  начин на однесување и идеолошко-политички поглед на начинот на кој треба да се практикува власта.
-Многу опортуно, дневно политички брзоплето донесувајќи одлуки и со многу фрустрации што не покажува верба во сериозност туку загрижува. Загрижува пред се затоа што не очекуваат избори кои без збор се најодлучувачките за Македонија и нејзиниот опстанок во последните десетина година, а со едно од клучните министерства раководи министер и околу него советничка група за која неможе да се каже дека е професионална и која е пред се политички инструирана, вели универзитетскиот професор.
Однесувањето на министерот Спасовски е комбинација од политикантство и тотален дилетантизам. Според Андонов, барем од онаа што досега го видовме станува збор за неумерено политикантство во комбинација со фрустрираност, суетност и нестручност го карактеризираат владееето на СДСМ во МВР.
-Со сигурност ова ќе се одрази врз работата на полицијата, но и нивната перцепција за многу практични работи за кои СДСМ во флоскули и лажна скромност зборува, но најповеќе загрижува како министерот и неговите соработници ќе се однесуваат во текот на изборната кампања и на денот на изборите, смета Андонов.
Спасовски ја доведува во прашање безбедноста на посочените
Запрашан каков е ризикот по некои функционери кога има гранатирање на Влада или ризикот по Јохан Тарчуловски кој живее во Љубанци, Андонов вели дека секако дека овој ризик е голем за што претходно службите во Министерството за внатрешни работи прават посебна проценка за загрозеноста на поедини лица или за нивните семејства од екстремистички или криминални поединци и групи.
-За оваа не треба да се коментира а вообичаено јавноста нема потреба да го знае тоа бидејќи е во доменот на работата на службата на полицијата и нејзините оддели. Повторно ќе напоменам дека доколку имало некои пропусти тоа не е кривично дело или постапка која треба да биде приоритет на министерот Спасовски. За секои пропуст во работата на полициските службеници кога не се работи за кривично дело постапува одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а врз основ на дисциплински постапки, вели Андонов.
Од тука, потенира Андонов, може да кажеме дека токму истрагата на министерот Спасовски ја промаши процедурата, а воедно и целта која беше политичка, бидејќи споменатите личности го демантираа тврдењето на министерот.
– Секако ќе видиме што до крајот ќе донесе истрагата на министерот кој брзоплето обелодени некои информации, а за кои може да кажеме дека и од безбедносен аспект нетребаше да бидат тема на јавна расправа се до завршувањето на истрагата внатре во Министерството за внатрешни работи, вели универзитетскиот професор.
Џуклески: Имам докази за сите клевети од Спасовски
Гоце Џуклески, кој исто се најде на мета на Спасовски ги отфрли обвинувањата и достави докуметни според кои во 2009 година му бил назначен единствено возач заради природата на неговата работа како координатор за гранично управување. Тврди дека никогаш немал полициско обезбедување, а службените возила кое го користи не се на МВР туку му биле доделени на телото со кое управува.
-Тој човек нема ништо заедничко со морал и со етика. Без никакви факти и докази кажува само некакви глупости и инсинуации, навреди и клевети. Имам документи за сите обвинувања. Ниту сум имал некогаш обезбедување, ниту сум барал, вели Џуклески во изјава за Курир, кој додава дека Координативниот центар е владино тело и министерот за внатрешни работи нема ништо со него.
Џуклески повторува дека бил и државен секретар и помошник-министер и никогаш не побарал обезбедување, ниту пак го имал.
-Втората работа, возилата кои што ги спомнува Спасовски, тоа се возила кои што ги набави Владата за потребите на Кординативниот центар за гранично управување. Стои одлука за тоа донесена на седница на Влада. За сето тоа има документација. Врз основа на таа одлука по претходно распишана тендерска документација, Владата обезбеди три возила за Кординативниот центар, кој е тело на Владата. Ниту сум злоупотребил возило на МВР, ниту сум имал обезбедување, вели Џуклески.
Дека Спасовски изрече тешки лаги и клевети покажува и сообраќајната од возилото на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. Таа потврдува дека Димитриев не користел полициско возило, наспроти тврдењата на Спасовски. Со откривањето на детали на вчерашната прес-конференција, безбедносните експерти сметаат дека Спасовски ја доведува во прашање безбедноста на посочените и воедно се поставува прашањето дали доколку нив им се случи било што, тогаш Спасовски ќе преземе одговорност за своите дилетантски постапки?Причината поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на вчерашната прес конфе

Пронајдете не на следниве мрежи: