Специјалното обвинителство донесе одлука да воспостави надлежност врз постапките за изборни нерегуларности

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, донесе одлука да воспостави стварна надлежност врз сите предмети на ОЈО Скопје кои се однесуваат на изборните нерегуларности.Со засновање на стварна надлежност специјалното обвинителство веќе формално започнува со предистражните постапки кои ги засегаат изборните нерегуларности.
– Од моментот од кога беа доставени статистичките податоци, па сѐ до ден денес, работевме и на анализа на сите јавно објавени материјали кои се достапни на јавноста. Врз основа на анализите кај нас се створи основано сомнение дека сите предмети кои се поврзани со изборните нерегуларности токму произлегуваат од незаконски следените комуникации и поради тоа решивме да бидат први предмети кои ќе бидат преземени во наша надлежност. Ваквите наши сомненија дополнително денеска се потврдија со тоа што беа доставени предметите од страна на ОЈО Скопје. Извршивме увид и единствено се потврди нашата одлука по однос на надлежноста, рече јавната обвинителка Ленче Ристовска на денешната прес-конференција.
Таа посочи дека со самото тоа што се воспостави стварна надлежност врз овие предмети Јавното обвинителство загонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е единствено обвинителство кое е надлежно за истражување и за постапување по тие предмети.
– Во деновиве што следат во најкраток можен рок до сите иматели на докази, дали се државни институции или други физички и правни лица кои имаат докази, ќе бидат упатени барања за обезбедување на доказите со што ќе се пристапи кон истражување на предметите поврзани со изборните нерегуларности. Случајот што Фокус го објави пред две недели за личните карти моментално не е доставен, но според нашите сознанија постојат основи на сомнение дека тој предмет е поврзан со незаконски следените комуникации и ги таргетира изборните нерегуларности. Во наредните денови ќе биде побаран и тој предмет по што ќе се произнесеме за стварната надлежност врз него, прецизира Ристовска.
Посочи дека во наредните осум дена специјалното обвинителство ќе се произнесе дали е надлежно и за предметот „Пуч“, како и за останатите. Предметите, како што кажа, ќе бидат предмет на анализа, а прво е потребно специјалното обвинителство да се произнесе по однос на стварната надлежност и да се воспостави надлежност врз предметите. До овој момент до специјалнот обвинителството, додаде, никој не доставил никакви материјали за случајот „Ровер“.
– Законот ни дава рок од осум дена да се произнесеме. Иако тој рок, со оглед на слабата екипираност на обвинителството, не притиска сепак ќе донесеме решение дали сме стварно надлежни, а потоа ќе можеме да се произнесеме и кои конкретни постапки или дејствија ќе се преземаат по однос на тие предмети, рече Ристовска. Во моментов, додаде, обвинителството има двајца истражители, а побарани се уште единаесет.
Таа нагласи дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и пред законите и без оглед кој да е засегнат во постапките обвинителството, како што кажа, стои зад фактот дека никој не може да биде над законот и дека секој треба да одговара за своите дејствија.
– Предметот што го баравме од ОЈО Куманово до денеска не ни е доставен, но немаме увид кога го имаат примено нашето барање што беше доставено по пошта и претпоставуваме дека рокот кај нив се уште не е истечен. Веруваме дека во текот на наредната недела и овој предмет ќе ни биде доставен на надлежност… Генерално, досега добивме впечаток дека има клима за соработка од страна на обвинителствата и не веруваме дека Кумановското обвинителство ќе биде исклучок, рече Ристовска.Со засновање на стварна надлежност специјалното обвинителство веќе формално започнува со предистражните постапки кои ги засегаат изборните нерегула

Пронајдете не на следниве мрежи: