Спектакал за љубителите на електронската музика

На денот кога се слави љубовта, во Скопје ќе се случува вистински спектакал за љубителите на електронската музика. SUN PRODUCTION со особено задоволство Ве канат на настанот што ќе го одбележи овој период од годината. Чест ни е да го најавиме гостувањето на едно од најголемите имиња од светот на транс музиката, најбараниот артист изминативе неколку години, човекот чиј настап е гаранција за најдобра журка, eден од малкуте дј-и што сите го обожуваат бидејќи неговиот посебен и уникатен стил ги задоволува и најпребирливите вкусови.Дами и господа Ви го претставуваме настапот во живо на  AZAX SYNDROM од Израел 
Настанот ќе се одржи во сабота 14 февруари во малата сала од спортскиот центар „Борис Трајковски“, домашна поддршка се дјите на Sun Production Dare, Sound Killah и Dejan Doggy, а како специјални гости се најавени двајцата македонски транс артисти со најбогати интернационални кариери, BLISARGON и КALA.
Организаторите најавуваат загаррантирано најдобра забава, најдобро озвучување и осветлување, видео проекции и за првпат кај нас најголемо ласер шоу со повеќе од 10 ласери, холограми и сл.
Влезниците се овој настан се пуштени во предпродажба во добро познатите места од дистрибутивната мрежа на www.kupikartizase.com по промотивна цена за првите билети од 300 денари, а потоа цената ќе биде 400 денари.
Повеќе инфо за AZAX SYNDROM:
Еден од водечките иноватори во трансот AZAX SYNDROM се смета за еден од највлијателните музичари на денешницата. Креирајќи сопствен стил на музика, или како што тој самиот го нарекува „МОЌЕН ТРАНС“.
Mузиката на АЗАКС претставува своевиден феномен. Стекнувајќи се со огромен број на фанови ширум целиот свет овој музичар се етаблира како еден од топ 5 артистите на денешницата. Неговите почетоци се во Heavy Metal стилот, во раните 90-ти Азакс беше фронтмен во еден метал бенд. Неколку години подоцна се среќава со електронската музика и набргу сваќа дека тоа е стилот за кој е преодреден. Од тогаш започнува со собирање и пуштање на транс музика и по неколку годишна Дј кариера во 2003 година започнува да продуцира своја сопствена музика. Комбинирајќи ги претходните искуства и влијанија Азакс пронаоѓа свеж и иновативен звук. Резултатот на тоа е високо енергична музика, секоја наредна трака ја гради до совршенство, и ја крши формулата за успех одново и одново. Набрзо неговиот уникатен стил се стекнува со високи признанија ширум светот и Азакс станува еден д најбараните артисти. Со текот на годините има издадено повеќе од 80 песни во сите поголеми издавачки куќи за електронска музика. Исто така се имаат случено и доста соработки со други колеги уметници.
www.azaxsyndrom.com
www.facebook.com/azax.syndromДами и господа Ви го претставуваме настапот во живо на  AZAX SYNDROM од Израел 
Настанот ќе се одржи во сабота 14 февруари во мал

Пронајдете не на следниве мрежи: