Спектакл на кратовската калдрма: Незаборавен почеток на „Златни Денови“ Кратово

По две успешни години зад себе, како настан кој претставува културна музичка манифестација во Македонија, „Златни Кратовски Денови“ прерасна во препознатлив македонски бренд и летна музичка сензација за сите љубители на македонската и балканската музика, која од 2014-та година на едно место ги собира најпознатите музички имиња од нашиот регион.Стартот на „Златните Кратовски Денови“ во петокот беше одбележан со значителна заинтересираност и еуфорија, и ги надмина очекувањата на организаторите во однос на посетеноста не само од македонски посетители туку и љубителите на убавата музика, од целиот Балкан. Првиот дел од програмата на манифестацијата беше исполнет со настапи на многубројни македонски и балкански ѕвезди како што се Етно групата Монистра, ѕвездичките и ѕвездите на пинк, Дани Димитровска, Тајзи и Спејко. Исто така, истата вечер беа концептирани 90-тина минути  во чест и за потсетување на најголемите македонски новосоздадени хитови во фолклорната музика во последните 25 години од познатите македонски фолк ѕвезди.

Еуфоријата продолжува и вечерва за време на втората вечер од „Златни Кратовски Денови“, каде што богатата музичка програма е исполнета со познати македонски и балкански изведувачи како што се Европскиот Тамбурашки Етно Фестивал, Трио Гранде, ѕвездичките и ѕвездите на Пинк, Влатко Илиевски и како последни вечерта ќе настапат легендарни балкански рок рок ѕвезди кои се дамнешна желба на македонските љубители на ваков вид на музика. По завршувањето на програмата на главната сцена, забавата ќе се префрли во базен дискотеката во Кратово заедно со ДЈ Зак, Нано Хана и Кокс.

И оваа година манифестацијата „Златни Кратовски Денови“ го задржува концептот да биде присутна една балканска ѕвезда на познатиот фестивал на забавата и музиката. Конечно ќе се исполни долгопосакуваната желба на сите љубители на музиката од екс ју земјите, односно да се овозможи присуството на легендите на рок музиката во последните 40 години, Бора и Рибља Чорба, на овогодинешната манифестација.
Интересен факт на почетокот на вториот дел од програмата на овогодинешната манифестација е тоа што фронтменот на балканската рок група Рибља Чорба, ужива во традиционалните звуци на тамбурашите кои настапуваат први во втората вечер на манифестацијата и воедно со голем ентузијазам и еуфорија се подготвува за својот настап на крајот од главната вечер. Во текот на подготовките успеа да издвои време и за своите фанови со кои се фотографираше пред почетокот на вториот дел од програмата.
Културната музичка манифестација „Златни Кратовски Денови“ веќе е традиција која полека им станува навика на сите обожаватели на убавите македонски и балкански мелодии.
 Стартот на „Златните Кратовски Денови“ во петокот беше одбележан со значителна заинтересираност и еуфорија, и ги надмина очек

Пронајдете не на следниве мрежи: