четврток, 12 ноември 2026
Најново

Списанието Комплетна ја прославува 20-годишнината од излегувањето на првиот број

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Приказната на КОМПЛЕТНА започна 1996 година, како пионерски обид да се создаде првото македонско списание за жените кои се подготвуваа за 21-от век, списание што ќе биде по примерот на светските магазини, а сепак автентично, забавно, едукативно, уникатно и целосно наше.Во изминатите 20 години се менуваше внатрешниот дизајн, стилот на фотографиите на насловната страница, типот на интервјуата, рубриките, темите што се истражуваа… Се менуваше и екипата, многу луѓе го дадоа својот придонес. Новите луѓе носат нови идеи, ама столбот на списанието, креативците кои тргнаа заедно на ова патување пред дваесет години, и понатаму ги раскажуваат своите приказни во секој нареден број.
Цели 222 броја подоцна, КОМПЛЕТНА и понатаму се води од истото мото „моја инспирација“.
„Нашата енергија, креативност и желби се и понатаму примарно насочени кон печатениот медиум. По две децении љубов, верност и поддршка од читателите, сакаме да им вратиме со нешто ново, забавно и достапно за сите, почнувајќи од септември“, вели Андријана Јовановска, уредник на Комплетна.
 Во изминатите 20 години се менуваше внатрешниот дизајн, стилот на фотографиите на насловната страница, типот на интервјуата, рубриките, т

Поврзани вести