Списанија наменети за деца!

Холистичкиот пристап во воспитно-образовната работа со децата, претпоставува креирање нова методологија на работа со децата, со примена на стратегии за учење и развој на малите деца, адаптирани пред се, на нивните развојни и возрасни карактеристики. Новиот концепт за ран детски развој го промовира холистичкиот пристап во поттикнување на раното учење и развој кај малите деца.     
    Почитувањето на детето и неговите автентични потреби, интереси, можности и желби е основниот патоказ од кои треба да се раководат воспитувачите, родителите и  сите оние лица кои работат со малите деца.
Интегрираниот пристап во воспитно-образовната работа, имплицира и активно учество на сите субјекти, а особено се потенцира улогата на практичарите и новиот концепт на лидерство. Но, каков е односот помеѓу теоријата и практиката, колку се подготвени воспитувачите да внесуваат промени и иновации и на кој начин да се овозможи нивното партиципирање?
 Во одговорите на овие прашања може да ни послужи примерот на соработка во списанието Смешко, каде теоријата и практиката се испреплетуваат во развојна насока.
ЕЗКЦ СПИРИТ-ЕДУКА МАК, издаде ново детско списание, наменето за децата од предучилишна возраст кое според својата концепција ги надминува досегашните традиционални форми и облици на издание за деца и е прво од ваков вид во Републикава. Списание кое е произлезено од практиката, соединето со теоријата, а секако и одобрено од Министерот за труд и социјална политика(Решение бр. 11-5088/4 од 2013г)) за употреба во детските градинки.

 
   
Списанието e насловено според брендираниот лик на едно смешно дете, Смешко. Неговата цел е да одговори на најновите светски барања и воспитно-образовни тенденции за едукација на децата низ игра и забава.
   Содржините се компатибилни со Националната програма за предучилишно воспитание и образование, за сите воспитно–образовни подрачја предвидени за предучилишна возраст во детските градинки.
    Списанието излегува еднаш месечно, десет броја во годината и претставува своевидно дидактичко средство за реализациja на програмските цели. Смешко ќе го има насекаде во РМ и во сите детски градинки, ќе биде од отворен тип и сите креативци ќе имаат можност да предлагаат содржини на [email protected], соодветни на поставените рубрики во списанието. Најдобрите предлози ќе бидат објавени во Смешко и соодветно хонорирани.
   
Списанието  Смешко со својата концепциска, илустративна и содржинска  поставеност претставува иновативно едукативно средство кое ги следи современите тенденции за раниот детски развој во однос на холистичкиот пристап, почитувајќи ги основите на  програмата за воспитно-образовна работа со деца од предучилишна возраст.
     Во Смешко се забележува и многу креативен пристап во интегрирање на содржините од различни воспитно-образовни подрачја, сообразени со развојните можности, интересите и потребите на децата.
    Особено значајна е поврзаноста на теоретските сознанија со практичните искуства која се одразува во целото списание. Водејќи се од потребите на практиката и директната работа со децата од предучилишна возраст и почитувајќи ги современите научни сознанија, Смешко има единствена можност да воспиставува соработка помеѓу теоретичарите и практичарите во интерес на развој на педагошката работа и раниот детски развој.
 
      Илустративниот дел  е најзначајната компонента на списанието кој пренесува посебна порака од визуелен код и има  сознајна функција да ја отслика содржината, сообразена со возраста на детето. Илустрациите создадени од еден афирмиран детски илустратор Игор Јовчевски, низ целото списание, што е концепциска законитост во создавањето на детски списанија во светски рамки, создаваат директен начин на комуникација со детето, го поттикнуваат мисловниот процес,  ја развиваат имагинацијата. Нагласувајќи ја   когнитивната функција  придонесуваат за севкупниот развој на детето преку стимулирање на неговата перцепција  и развојот на интелектуалниот потенцијал.
Хумористичниот третман на илустрациите скоро секогаш  побудува интерес кај  децата. Секое дете сака да биде  среќно, радосно, весело и многу лесно се преселува на смеата и можноста и другите да се смеат. Хумористични елементи во илустрациите за децата се она што децата сакаат е научно докажано според најновите педагошки истражувања.

 
 
Текстовите во содржината на списанието им дозволуваат на децата да го стимулираат говорот и негуваат јазикот, особено да  ги учат со задоволство текстовите со ритам и рима и да ја развиваат нивната меморија, преку повторувањето на кратки стихови или текстови (раскажување по слика) . Истовремено децата учат вештини како фонолошка свест, звукотехника, разбирање и флуентност.
     Ова списание овозможува сосема поинаква, повеќе интерактивна комуникација меѓу родителите/воспитувачите и децата. Преку повеќе рубрики низ кои одредени текстови пропратени со современи илустрации за деца според сите светски стандарди од кои детето чита, кои зборуваат на сите светски јазици, имаат одредени цели:
Љубопитници
-поттикнување и развивање на детската љубопитност при запознавање со основите на општественото живеење и природните законитости;
Смешко раскажува
-негување на љубов и позитивен однос кон книгата, поттикнување на говорното творештво и развивање на јазикот во функција на морално-етички и когнитивни аспекти на личноста;
Игрозборки,сликозборки
-развивање на гласовната осетливост, богатење на речникот и учество во јазични комуникативни ситуации;
Смешна математика
-развивање на математичкото мислење и доживување на математиката како пријатно искуство;
Скокај и свиркај
-поттикнување на истажувањето на движењата на различните делови на сопственото тело, негување на физичкото и менталното здравје на детето и негување различни облици на спонтано музичко творештво;
Една сказна и твојата приказна
-развивање на говорното творештво, откривање и проектирање  на детските мисли, желби и интереси и развивање на поимот за себе;
Ѕирко и проѕирко
–негување на истражувачкиот дух кај децата, развој на перцепцијата и логичкото мислење;
Креативна природа
–развивање на смислата за обликување со разновидни природни материјали, развивање на вештини за сечење, лепење, комбинирање и истражување на материјалите и развој на детската креативност;
Играј со Смешко
–поттикнување и развивање на социјални врски и позитивни емоции;
Клипче и стрипче
–развивање на способноста за воочување на визуелни елементи и развивање на творечките способности.
 
    Особено значајно е што во сите рубрики се поддржува холистичкиот пристап и се применуваат најновите практики во детските градинки кои се засноваат на Стандардите за ран детски развој, преку интегрираниот пристап за развој на сите домени на детската личност.
 
   Во создавањето на ова списание црпени се искуства на универзитетски професори, голем број афирмирани педагози особено компетентни и истакнати практичари кои ја чуствуваат потребата од едно вакво современо списание.Што треба да содржат списанијата наменети за деца!

Пронајдете не на следниве мрежи: