-Ова е заклучок од истражувањето на агенцијата БРИМА, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International, спроведено во февруари оваа година,
-Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години.Дури 68 отсто од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Тоа е главниот заклучок од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во февруари оваа година. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години.
За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервју со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.
Изборот на мрежата на Т-Мобиле за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции реализирани од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.
Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во Дојче Телеком Групацијата, додека пак Т-Мобиле прв ја воведе 4G мрежата и за само една година достигна 50% покриеност на населението и 20% покриеност на територијата со најновата 4G технологија.Дури 68 отсто од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. То