Според обложувалниците, Македонија е убедлив фаворит на средбата со Чешка

Иако Чешка е силна национална селекција, особено кога настапува на свој терен, светските обложувалници му даваат убедлива предност на нашиот национален тим. Коефициентот за нашата победа се движи околу 1.30, а за победата на Чешка околу 3.90.Македонија утре ќе се бори за својата втора победа на квалификациите за ЕП 2016 во Полска, иако, според зборовите на селекторот Обрван, би биле задоволни и од поделбата на бодовите. Победата, па и нерешениот исход, ќе значат голем исчекор во остварувањето на нашата поставена цел.
Чешка утре ќе настапи без своите најголеми ѕвезди: Јиха, Павел и Радек Хорак, Штехлих, Бечвар, Стржинек, Брикнер, можеби и Резничек…
Досега двапати гостувавме во Чешка, но и на двете средби доживеавме високи порази. Можеби сега е дојдено нашето време. Се надеваме дека утре ќе решиме голем дел од проблемите врзани за овие квалификации.
Средбата се игра утре (в недела), со почеток во 13.30 часот.
Извор: РкметалургМакедонија утре ќе се бори за својата втора победа на квалификациите за ЕП 2016 во Полска, иако, според зборовите на селекторот Обрван, би биле зад

Пронајдете не на следниве мрежи: