По повод патрониот празник „Ѓурѓовден“, општината Кисела Вода организира спортски турнири во пет спортови, на кои учествуваат ученици од осумте училишта кои гравитираат во Општината. Денеска, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ заврши натпреварувањето во мал фудбал.
Овде, сите почести им припаднаа на основците од ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“. Во финалната средба, во интересен и динамичен натпревар, пред исполнетите трибини, избраниците на тренерите Вангел Сувариев и Стевче Василевски со 4:3 славеа во средбата со ОУ ,,Круме Кепески“. Во борбата за трето то место , фудбалерите на ОУ Партеније Зографски беа поуспешни од своите врсници од ОУ Рајко Жинзифов со резултат 3:2. По завршувањето на финалните средби, на најуспешните екипи им се доделија пехари и дипломи.
Интересно е дека, по 6-тиот натпреварувачки ден , квалификационите натпревари завршија и во турнирот во кошарка. На 4-ти мај во финалето, во 11.40 часот ќе играат ОУ ,,Круме Кепески“ и ОУ ,,Рајко Жинзифов“ додека за третото место , еден час порано ќе се сретнат екипите на ОУ ,,Климент Охридски“ и ОУ ,,Кузман Шапкарев“. Според , календарот на натпревари, за утре ( четврток 21.04) во спортската сала ,,Независна Македонија“, предвидено е да започне одбојкарскиот турнир во женска конкуренција.
Овде, сите почести им припаднаа на основците од ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“. Во финалната средба, во интересен и динамичен нат