Спортскиот центар „Ново Лисиче“ доби модерна фитнес опрема

Денеска, 9.12.2016 година, во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ во истоимената населба во Општина Аеродром стигна нова фитнес опрема, која ќе внесе нови содржини во Фитнес центарот и ќе овозможи значително да се подобрат условите за спортување во овој спортско-рекреативен објект.Новата опрема содржи 14 справи за кардио и фитнес вежби, меѓу кои ленти за трчање, степери, статични велосипеди, орбитрек, кросовер машини, справи за истегнување и клупи за вежбање на стомачните мускули.
Фитнес центарот „Ново Лисиче“ со новото руво на корисниците им нуди уникатна средина за полнење со позитивна енергија, ефикасно постигнување физичка кондиција и зацврстување на телото под постојан надзор на фитнес инструктор.
Фитнес центарот во СЦ „Ново Лисиче“ можат да го користат жителите на Општина Аеродром со мал надомест, а повеќе детали и термини може да се добија на тел. 076 827 529.
Инаку, Спортскиот центар „Ново Лисиче“ беше пуштен во употреба пред 4 години на површина од  околу 1.000 квадратни метри на две нивоа со вклучена повеќенаменска спортска сала за кошарка, мал фудбал и одбојка, како и дополнителни сали за фитнес и за пинг-понг, како и со отворено фудбалско игралиште со капацитет за околу 1.000 гледачи.Новата опрема содржи 14 справи за кардио и фитнес вежби, меѓу кои ленти за трчање, степери, статични велосипеди, орбитрек, кросовер машини, справи

Пронајдете не на следниве мрежи: