Спортските автомобили од светското првенство во центарот на вниманието: 919 Hybrid и 911 RSR

Спортските автомобили од светското првенство во центарот на вниманието: 919 Hybrid и 911 RSRСветската премиера на Macan S Disel, европска премиера на 911 Targa На автомобилскиот саем во Женева, новиот Porsche 919 Hybrid ја имаше својата светска премиера пред возбудливото светското првенствово во издржливост (WЕС). На иновативниот хибриден прототип му се придружи и Porsche 911 RSR на штандот на Porsche во Женева, а ќе му се придружи и на осумте трки од WEC првенството, чија најважна трка дефинитивно ќе биде 24 часа Ле Ман. Porsche, исто така во Женева за прв пат ги претстави и новите Macan S Disel и 911 Targa. Porsche 919 Hybrid: Врвна технологија од која најмногу добиваат автомобилите од сериско производство
Матијас Милер, претседател на Porsche AG изјави: “Од клучно значење при развојот на прототипот за Ле Ман  беа новите револуционерни тркачки правила кои се однесуваат на енергетската ефикасност за 2014 година, па така нема да победи најбрзиот автомобил на светското првенство во издржливост, туку автомобилот кој ќе помине најмногу со определена количина на енергија. Тоа е следниот предизвик, за производителите на автомобили, кој мора да го надминат. 919 Hybrid е нашата најбрза мобилна истражувачка лабораторија и најсложениот тркачки автомобил кој Porsche досега го има направено”
Porsche 911 RSR : Тркачка икона која придонесува за успешноста на автомобилите од сериско производство
Porsche  е во потрага по максимална спортска изведба со максимална енергетска ефикасност, тоа  е с’ржта на брендот  – “интелигентна изведба” – врежано го големи букви, кај новите 919 Hybrid и 911 RSR. Прототипот 911 RSR нема да биде само нов автомобил за патот. Иконата 911, успешно беше обновена преку автомобилот од седмата генерација. Моделот има директна корист од развојот на настаните во мотоспортот . Со погон на задните тркала 911 RSR комбинира интелигентен лесен дизајн и префинета аеродинамика. Овие две карактеристики не само што придонесоа за подобро време, туку и за поголема ефикасност.
Porsche Macan S Diesel  : Врвна ефикасност и врвно забрзување:
Уште едно Porsche имаше светска премиера во Женева, маестрален пример за интелигентни перформанси: тоа е Macan S Diesel. Со 258 КС (190 kW) три – литарскиот турбо мотор претставува ефикасна верзија на компактно  спортско корисно возило . Од Нула до 100 km / h забрзува за 6,1 секунди, а троши само 6,1 литри дизел на 100 километри. Тоа се главните карактеристики кои го дефинираат новиот  Macan  S Diesel. Тие  исто така го прават Macan спортско возило за долги патувања.
Porsche 911 Targa: Креативно ново издание на познатата класика
Новиот 911 Targa за прв пат се појавува на европскиот автомобилски саем по светската премиера во Детроит. Исто како класиката од 1965 година и новиот модел има карактеристичен Б столб, покрив кој се отвора над предните седишта и се поместува кај задното стакло, исто така возилото нема C столб. Сепак, за разлика од првата Targa, начинот на кој се отвора и затвора покривот е спектакуларен, молскавично брз со едноставно притискање на едно копче.
1) Потрошувачка на гориво, во град 13,9-11,8 l/100km; на отворено 7,7-6,9 l/100 km; комбинирана 10,0-8,7 l/100km; емисија на CO2: 237-204 g / km; класa на ефикасност: G, F ** 2) Потрошувачка на гориво, во град 6,9-6,7 l/100 km; на отворено 5,9-5,7 l/100 km; комбинирана 6,3-6,1 l/100 km; емисија на CO2: 164-159 g / km; класa на ефикасност Б
 Светската премиера на Macan S Disel, европска пре

Пронајдете не на следниве мрежи: