СРАМ во утринска програма: Мислела дека никој не ја гледа во нозете, но сега цела нација ѝ се смее

Водителка во утринска програма во Велика Британија, Сузана Рајд, стана интернет сензација поради еден смешен пропуст во вчерашната емисија. Симпатичната водителка, изгледа, потполно заборавила  дека покрај нозете ја оставила својата чинија  со појадокот- а дури  кога камерите се одалечиле  и ги покажале нејзините нозе, Сузана се обидела суптилно да ја шутне чинијата. Не ѝ пошло од рака.Водителката  со колешките расправала за темата на денот, кога камерата се одалечила и покажала што  се крие покрај нејзините нозе.
Сузана се обидела суптилно да го продолжи разговорот, додека со нозете ја шутира чинијата под масата, но гледачите не го пропуштиле овој момент и сега таа стана интернет сензација.
Иако  цела Британија ѝ се смее, а многумина и се шалат дека сега не е тајна  што згодната водителка јаде за појадок, Сузана останала сосема прибрана, дури и се нашалила на своја сметка на Твитер.
„Она, кога појадокот ќе ти се појави на видео, а ти мислиш дека потајно го криеш со нозете“, напишала таа на социјалната мрежа.Водителката  со колешките расправала за темата на денот, кога камерата се одалечила и покажала што  се крие покрај нејзините нозе.

Пронајдете не на следниве мрежи: