СРАМНА ПОСТАПКА: Видовити луѓе ги опседнуваат родителите на Тијана!

Од полицијата предупредуваат дека ваквите луѓе кои би земале пари од семејството, би можеле да бидат уапсени и да одговараат за кривично дело измама, за која е предвидена парична казна или затвор до три години. Затоа им советувале да не се впуштаат во „заработување на туѓа мака“.Родителите на исчезнатата Тијана Јуриќ (15), од која ни во десеттиот ден нема ни трага ни глас, се во уште поголеми маки поради тоа што разни пророци и видовити луѓе им се јавуваат, нудејќи им ги своите услуги за да ја пронајдат својата ќерка.
„На мобилните телефони од семејството на Тијана секојдневно стигнуваат разни пораки, а меѓу нив се наоѓаат и оние од разни видовити луѓе и астролози кои наведуваат дека Тијана ќе се врати жива и здрава дома, но барале и да им дадат податоци за неа што нејзините родители го одбија. Исто така, тие добиваат пораки и од луѓе кои велат дека некаде ја виделе Тијана, но се испоставило дека дале погрешен опис“, велат изворите.

Мајката на Тијана изјавила дека не обрнува внимание на тие пораки, но и истакнала дека е убедена дека нејзината ќерка е жртва на киднапирање.
„Убедена сум дека мојата ќерка е грабната и дека бандата која што стои зад сето тоа ќе биде пронајдена. Не знам кој би можел да стои зад тоа, бидејќи ние сме едно нормално семејство кое живее пристоен живот и не сме премногу богати. Досега би барале откуп од нас, доколку мислеа дека имаме пари. Можеби таа е само колатерална штета“, изјавила Мирјана за Ало.Родителите на исчезнатата Тијана Јуриќ (15), од која ни во десеттиот ден нема ни трага ни глас, се во уште поголеми маки поради тоа што разни проро

Пронајдете не на следниве мрежи: