Во Србија е најавено намалување на платите во јавниот сектор со што ќе се заштеди меѓу 200 и 230 милиони евра, а пензиите ќе се зголемат со претходно утврдена динамика. Оваа вест ја најави потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ.
„Пензиите нема да ги намалуваме, но ќе има намалувања на платите во јавниот сектор. Приватниот сектор што ја влече државата напред не може тоа да го издржи. Неможно е во приватниот сектор просечната плата да биде 34.000 динари, а во државниот 47.000 динари. Тоа го нема во ниту една држава во светот“, изјави тој за телевизијата Прва.
Вучиќ најави дека до крајот на годината во Србија ќе има милијарда долари од кредит од ОАЕ од кои 500 милиони ќе се потрошат за враќање долгови, а 500 милиони вложени во стопанството „со најголема контрола“.Тој нагласи дека државата е „пред банкрот, во вистинска смисла“ и најави дека мерките за економско опоравување ќе бидат тешки, а не популистички.
Со тие мерки според него, ќе бидат погодени меѓу 300.000 и 500.000 луѓе.
Дали со овој потег Србија ќе се спасува од можен банкрот, останува да видиме. Оваа вест ја најави потпретседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ.