Скупштината (Собрание) на Србија ноќта во саботата кон недела, по бурна расправа, со 175 гласа „за“ и 19 „против“ ја усвои Резолуцијата за Косово, откако претходно беше отстранета ознаката тајно од платформата, јавија белградските медиуми.Текстот на платформата, кој првобитно требаше да биде таен документ, ќе биде објавен на сајтот на Владата на Србија со што ќе стане достапен за секој граѓанин. Ова беше условот за да и најголемата опозициона Демократска партија гласа за резолуцијата.Со резолуцијата се предвидува сите идни договори со Приштина да бидат во согласност со усвоениот документ, а особено се инсистира на воспоставување на Автономна заедница на српските општини на Косово.Притоа се нагласува дека во согласност со уставот, меѓународното право и волјата на граѓаните, никогаш нема да биде признаена самопрогласената независност на Косово.Првобитниот текст на резолуцијата е изменет со три амандмани предложени од Одборот за Косово, кои беа усогласени на заедничкиот состанок на претстедателот, премиерот и шефовите на пратеничките групи.Во дијалогот со Приштина се поаѓа од тоа секое решение од општ или привремен карактер, за преоден или конечен статус на Косово, за положбата на Србите и заштитата на верското и културно наследство да биде во согласност со Уставот и Резолуцијата 1244, стои во усвоениот документ.
МакфаксСкупштината (Собрание) на Србија ноќта во саботата кон недела, по бурна расправа, со