Кога ќе се погодат сите седум броеви во играта на среќа „Лото“, се „раѓаат“ нови милионери. Меѓутоа, во текот на последните неколку децении, Србија не го дознала идентитетот на ниту еден од среќниците коишто ја извлекле главната премија.Српски Курир спроведе едно интересно истражување, во кое вели дека е разбирливо што луѓето го кријат идентитетот за да не станат мета на криминалци и рекетари. Меѓутоа, чудно е што ниту еден од добитниците не се појавил во јавност.
По инцидентот за време на извлекувањето на „Лото“ компбинацијата“ (Види ЛИНК), кога цела држава се посомнева дека играта е наместена, сомнежите уште повеќе се зголемија. Се наметнува прашањето како се извлекуваат победничките комбинации и каде завршуваат парите од премијата, со оглед на тоа дека податоците за добитниците се чуваат во тајност.
Сѐ што дознава јавноста е информацијата за тоа каде бил уплатен добитниот тикет, поточно градот на добитникот, но никогаш и неговиот идентитет.
Годинава беше погодена седмица вредна 2,5 милиони евра кон крајот на април, а сѐ што дозна јавноста е дека среќниот добитник е од Пријепоље.
Од 2005 година, три најголеми добивки биле:
Дури 4,8 милиони евра во март 2010 година, исплатени во Кањижа. Иако станува збор за мала средина, никој не го дозна добитникот.
Пред девет години, 3,2 милиони евра отишле во Сурчин. Добитникот остана непознат.
Во април 2005 година, 3,9 милини евра отишле во џебот на жител од Стара Пазова.
По синоќешното сомнително извлекување, се поставува прашањето дали воопшто некој добил „седмица“ на Лото?Српски Курир спроведе едно интересно истражување, во кое вели дека е разбирливо што луѓето го кријат идентитетот за да не станат мета на криминалци



