Србија ПРОВОЦИРА: Ја ословува Македонија со БЈРМ

Српската влада поставила табла на автопатот кон Македонија кај Владичин Хан на која земјава ја ословува со БЈРМ.,,Автопат Е75 – Коридор 10 – Белград – граница со БЈРМ‘‘ стои на таблата на автопатот што го гради српската влада со свои средства.
Според српскиот весник ,,Вечерње новости‘‘ тој чин ги налутил Македонците кои веднаш го повикале српскиот амбасадор во земјава Душанка Дивјак Томиќ да ја објасни провокацијата.
Засега од српска страна нема објаснување зошто Србија која ја признава Македонија под уставното име, ја користи навредливата референца.
Неодамна српскиот Премиер Александар Вучиќ бурно реагираше, откако Македонија гласаше за прием на Косово во УНЕСКО, која патем и ја призна неговата независност.
„Што се однесува на Македонија и Црна Гора, им се заблагодаруваме. Ќе знаеме да го почитуваме тоа. Ние сакаме добри односи со сите, и ќе умееме да го почитуваме тоа што го направија – тие покажаа дека Приштина им е поважна од Србија“, изјави тогаш Вучиќ.
Сепак, тој додаде дека заради оваа одлука во Србија не треба да се води кампања против Македонија и Црна Гора.
Инаку, двете земји имаат одлични односи и чести посети на сите политички нивоа, како и заедничи средби на двете влади.,,Автопат Е75 – Коридор 10 – Белград – граница со БЈРМ‘‘ стои на таблата на автопатот што го гради српската влада со

Пронајдете не на следниве мрежи: