Според новите геолошки истражувања, територијата на Србија најверојатно „спие“ на огромни наоѓалишта на златна руда, но за нејзино ископување е потребна странска помош, известуваат српските медиуми. Во Србија има многу повеќе златна руда отколку што се очекувашпе, покажале неодамнешните истражувања.
Странските компании велат дека дошле до откритие, кое се случува еднаш во векот, додека српските геолози воопшто не се зачудени од таквиот развој на настаните, бидејќи сметаат дека богати наоѓалишта на злато на српска територија се нешто очекувано.
Ова големо откритие може да биде пресвртница за Србија, но земјата веќе неколку децении нема вложено во геолошки истражувања на своите рудни богатства.
„Со оглед на големата побарувачка на злато на светскиот пазар, доаѓањето на странски експерти, нови технологии и инвестиции во рударството може да биде пресвртница за Србија“, смета Милан Бачевиќ, министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање.
Тој за „Вечерње новости“ изјавил дека геолошки истражувања на злато и други племенити метали во Србија во моментов спроведуваат 13 фабрики, од кои осум се со странски основачки капитал.Во Србија има многу повеќе златна руда отколку што се очекувашпе, покажале неодамнешните истражувања.
Странските компании велат дека