Едно истражување спроведено на 12 астронаути покажува дека обликот на нивното срце се менува при микрогравитација, што подоцна може да доведе до проблеми и болести на истото.Џејмс Томас од НАСА во една изјава вели: „Срцето работи со помал напор во вселената, што доведува до губење на мускулна маса. Од ова може да има сериозни последици по враќањето на Земјата, па затоа истражуваме дали има начин таа загуба да се намали или пак потполно да се спречи.“
При нулта гравитација постојат многу опасности по здравјето: слабеење на коските, анемија, замаглен вид и слично. Да се знае колку вежбање им треба на астронаутите да го одржуваат срцето здраво е многу битно кога станува збор за подолги мисии, како на пример, 18 месечното патување до Марс.
Томас и неговите колеги инсталирале ултразвук во вселенската станица кој ги снимал срцата на астронаутите пред мисијата, за време на мисијата и по мисијата. Снимките покажале дека срцата на астронаутите станале позаоблени за 9,4%, што ги потврдува пресметките направени на математички модели.
За среќа, овој сферичен облик на срцето е привремен, и срцето си го враќа својот природен облик кога астронаутот ќе се врати на земјата. Сепак, испитувањата покажуваат дека во вселената срцето работи значително послабо, и докторите се уште не утврдиле какво последици би претрпеле астронаутите по своето здравје.
Сега кога моделите се потврдени, научниците се надеваат дека ќе разрешат важни дилеми околу кардиоваскуларните состојби на луѓето на Земјата.
Томас вели дека сега овие модели може да се искористат за важни истражувања за тоа како човечкото срце реагира во различни стресни ситуации. Тој верува дека овие истражувања можат да помогнат при лекувањето на исхемичната срцева болест, валвуларната срцева болест и хипертрофната кардиомиопатија.
Томас додава дека програмите за вежбање на астронаутите би можеле да се применат и како терапија кај луѓе со најразлични срцеви маани и болести.
Откритијата беа презентирани на 63тата Научна сесија при Американскиот Колеџ за Кардиологија.Џејмс Томас од НАСА во една