Средба меѓу Арсовска-Томовска и постојаниот координатор на ОН Луиза Винтон

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на Програмата за развој на ОН Луиза Винтон.Како што соопшти МИОА, на средбата се разговараше за заложбите на Република Македонија за постигнување на Одржливите развојни цели (SDGs), како и за прифаќањето на Заедничката декларација за Отворена влада за спроведување на Агендата 2030 за одржлив развој. Притоа беше нагласено задоволството што во Третиот национален акциски план за отворено владино партнерство 2016-2018 година се изврши интегрирање на принципите за одржлив развој.
За време на состанокот, министерката Арсовска – Томовска се осврна на тековните проекти и активности во рамки на Министерството со акцент за идна можна соработка во областите на креирање работни места и еднаков пристап во информатичко комуникациските технологии, обуки и искористување на интернет клубовите на Министерството, како и вклучување во процесот на подготовка на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2017-2022.Како што соопшти МИОА, на средбата се разговараше за заложбите на Република Македонија за постигнување на Одржливите развојни цели (SDGs), како и з

Пронајдете не на следниве мрежи: