Градоначалникот Тони Трајковски во својот кабинет оствари средба со експерти од ЕУ, УНДП и Уницеф.На состанокот се разговараше за состојбата за време и по поплавата во општина Гази Баба.
Градоначалникот го објасни текот на случувањата почнувајќи од вечерта од 06.08.2016, како се реагираше и како течела целата организација за справувањето за време на невремето и санирањето на штетите од поплавата.
Тој се заблагодари на експертите за пренесувањето на нивното искуство, за справување со последиците во вакви ситуации.
На состанокот присуствуваа и дел од координаторите од месните заедници кои беа погодени во поплавите, како и претставници од општината кои работеа на терен во санирање на последиците од невремето.
На крајот на средбата експертите ја пофалија општината Гази Баба како и институциите од државата за брзото реагирање во кризната состојба и го пофалија начинот на поставување на координатори по улици од погодените населени места, кој допринел до одличен систем кој дал одлични резултати.На состанокот се разговараше за состојбата за време и по поплавата во општина Гази Баба.
Градоначалникот го објасни текот на случувањата по