Средба на Канческа-Милевска со директорот на „Џифони“, Губитози

За Република Македонија е огромна придобивка вмрежувањето во филмскиот фестивал за млади „Џифони“ од кој најважна и најблагородна е едукативната мисија. Затоа исклучително се вложив во поддршката на фестивалот „Џифони Македонија“, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по средбата со Клаудио Губитози, уметнички директор на фестивалот „Џифони Иксуство“ (Giffoni Experience) во Италија.Тој престојува во Скопје на 4. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој од 21-ви до 26 октомври се одржува во Младинскиот културен центар и во Кинотеката на Македонија.
На средбата разговарале за постигнатите резултати на „Џифони Македонија“ и за плановите за периодот 2017-2020 година.
Канческа-Милевска истакна дека за резултатите на „Џифони Македонија“ придонела поддршката и позитивна енергија на Губитози без која, како што рече, немало да случи обединување на огромен број млади луѓе од целиот свет.
– Оваа година има над 500 млади луѓе кои учествуваат во жирито на „Џифони Македонија“, не само од Македонија, туку и од многу други земји. Да вклучите огромен број млади луѓе од најраните години во филмската индустрија, поттикнувањето на креативноста и инвентивноста на најмладите во овој многу важен сектор значи многу, пред се во образованието. Тоа можевме да го видиме во овие четири години во Македонија, истакна Канческа-Милевска.
Директорот Губитози рече дека Македонјија има централно место на сите меѓународни настани на фестивалот „Џифони“ во овој дел од Европа.
– Настанот во Македонија е втор по значење од сите меѓународни настани што ние ги организираме. Ние немаме никаква заслуга за ова достигнување на Македонија – за тоа е заслужен исклучиво тимот на „Џифони Македонија“ кој одлично го организира овој фестивал. За тоа се заслужни младите кои учествуваат на фестивалот, со кои ние се гордееме. Ќе работиме да има се поголемо учество на деца и млади од повеќе држави. За наредната година планираме најмалку 20 држави да се вклучат во „Џифони Македонија“, рече Губитози.
Амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромео истакна дека „Џифони Македонија“ е конкретен пример за одличните односи и културна соработка меѓу Македонија и Италија.
– Се работи за одличен спој на италијанската фантазија и креативност и заложбите и амбицијата на македонскиот дел од организацијата. Од оваа соработка произлезе проект кој има светла иднина во наредните години, рече Ромео.
На 4. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ во официјалната селекција се 15 филма (по пет во категориите: Јуниори, Кадети и Сениори). Интернационалното жири на фестивалот годинава е составено од околу 550 деца и млади поделени во три старосни категории, а покрај од Македонија опфаќа и повеќе од 50 млади од Италија, Хрватска, Србија, Романија, Грузија, првпат од Азербејџан, САД, Велика Британија и од Албанија.
Со новата тригодишна спогодба потпишана оваа година со „Џифони Иксуство“ во Италија, на Агенцијата за филм на РМ и е доверено правото брендот и логото на „Џифони‘‘ на територијата на Република Македонија да продолжи да го користи до 31 декември 2018 година.Тој престојува во Скопје на 4. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој од 21-ви до 26 октомври се одржува во Младинскиот култ

Пронајдете не на следниве мрежи: