Средношколецот Милан Тасевски донесе уште еден голем успех за ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово

Ученикот Милан Тасевски втора година во ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово е дел од националниот тим кој ќе ја претставува Македонија на математичката олимпијата која ќе се одржи во Рио де Жанеиро во Бразил, огромен успех на училиштето кое континуирано има добри резултати по предметот математика.-Тоа е огромен успех на нас како училиште и огромен успех за самиот ученик бидејќи од нашата земја само 6 ученици ќе ја претставуваат нашата држава на Меѓународната математичка олимпијада која ќе се одржи во Рио де Жанеиро. Милан е исклучително добар ученик кој покажа и докажа дека инвестирањето во знаењето, во учењето е најдобрата животна инвестиција – истакна директорот на училиштето Гоце Џалевски.
Натпреварот во Рио де Жанеиро кој ќе биде во два дена каде ќе се решаваат 6 проблеми ќе биде само еден од низата натпревари на којшто има учествувано Тасевски кој учеството на натпреварот во Бразил го обезбеди со учеството на голем број на национални олимпијади, а освен тоа досега има освоено и два бронзени медали, еден од Иранската геометриска олимпијада, како и еден бронзен медал од Европскиот куп натпревар.
-Имав неколку национални и меѓународни олимпијади оваа година на кои покажав прилично добри резултати со оглед на тоа што обезбедив место во Македонската математичка репрезентација на светска олимпијада, и тоа за мене ќе биде најголемиот предизвик досега бидејќи тоа е најпрестижната олимпијада на која може да учествува еден средношколец – истакна Милан Тасевски.
Математичката олимпијада ќе се одржи од 13 до 23 јули и на истата ќе учествуваат над 600 математичари од 115 земји.-Тоа е огромен успех на нас како училиште и огромен успех за самиот ученик бидејќи од нашата земја само 6 ученици ќе ја претставуваат нашата држава

Пронајдете не на следниве мрежи: