Срѓа Поповиќ: Центарот „Канвас“ е спремен да им помогне на демонстрантите

– За успех на протестите во БиХ неопходна е добра организација, единство на демонстрантите како и јасни цели. Посебно е важно да се воспостави ненасилна дисциплина – вели за Дојче Веле еден од основачите на движењето „Отпор“ во Србија, Срѓа Поповиќ.„Ако тие 3 работи ги видиме во босанските протести, може да се очекува дека ќе се приклучат голем број на луѓе, а тогаш се поголеми шансите државните органи да го послушаат тоа што демонстрантите го бараат“, оценува Срѓа Поповиќ еден од основачите на движењето „Отпор“ во Србија, директор на Центарот за применување ненасилни акции и стратегии (Канвас).
Тој вели дека во Босна и Херцеговина владее „огромно незадоволство“ , Поповиќ своевремено нагласи дека протестите таму не преминале во движење и дека тоа е она што може да ги осуди на неуспех. Тој објаснува дека движењата секогаш имаат некоја идеја и јасно дефинирани и остварливи цели, односно некој вид „визија за утре“.
Пред две години Срѓа Поповиќ за време на протестите во БиХ, изјави:
„За сега во БиХ гледаме серија собири кои се географски се многу дисперзирани, во нив учествуваат неколку општествени групи. Значи, постои простор за социјални протести, незадоволството е огромно, но се уште не може да се зборува за движење “, изјави Поповиќ.
Според неговите зборови ненасилните движења имаат далеку поголема панса да бидат успешно завршени што покажува и премерот со „Отпор“ чија идеологија била да е ненасилно движење.

 
Можноста за инциденти на големите протести се намалува, а меѓу останатото, обуката на учесниците како да се однесуваат во т.н. високоризични ситуации и јасно определеното движење да се дистанцира од групата која е потенцијално насилна.
“Во Србија тоа беа фудбалски навивачи. Тие го делеа нашето незадоволство со Милошевиќ и му пееја: “Спаси ја  Србија и  убиј се”, но ние знаевме дека навивачите на демонстрациите ќе ја  нападнат полицијата, со што добиваме  угледот на насилно движење. Зато јсо цел ја браневме  полицијата од хулиганите”, објаснува Поповиќ во разговор со новинар од Дојче Веле.
Шансите за инциденти се намалуваат и ако избраат тактики  кои се помалку ризични.
„Кога марширате на полициска станица, многу поголема е можноста за појава на инциденти. Не одите по секоја цена да ја преземете државата зграда, која има вооружана безбедност”.
Канвас има одржано предавања во 40 земји, но не и во Босна и Херцеговина.
„Ние работиме по повик, а за сега во БиХ никој не не повикал. Доколку некоја група од таму е заинтересирана како таа наука за политички движења функционира, ние сме секогаш подготвени да реагираме“, вели Поповиќ.
Поповиќ додава дека за успех на социјален бунт важно е политичарите да „не изманипулираат“. „Ако тие 3 работи ги видиме во босанските протести, може да се очекува дека ќе се приклучат голем број на луѓе, а тогаш се поголеми шансите д

Пронајдете не на следниве мрежи: