Српска Влада: Млекото е исправно- со неточни информации се создаваат услови да се увезе генетски модификувана храна

Млекото и производите од млеко, коишто се продаваат во Србија во потполност се исправни и немаат штетни последици по здравјето на граѓаните, оцени на денешната седница Владата на Србија.Ќе се отвори истрага поради сомневањата дека со неточни информации се создаваат услови за увоз на сточна храна од генетски модифицирани организми.„Надлежните служби ќе отворат истрага поради сомнение дека со неточни информации за наводно неисправно млеко се уништува српската агроиндустрија и пазарите и се прави обид да се создадат услови во Србија да се увезува сточна храна од генетски модифицирани организми“ соопштиле од српската Влада.Надлежните инспекции и службите го повлекоа од продажба млекото за кое постои било каков сомнеж во поглед на квалитетот и примероците ги испратиле на експертиза во кредибилни меѓународни лаборатории.Детално се обавуваат вонредни анализи за суровото млеко и млечните производи, како и сточната храна, а воведени се и зајакнати контроли на увозното млеко, пишува во соопштението.Од српскиот пазар беа повлечени повеќе видови на млеко од различни производители кај кои била утврдена зголемена количина на афлатоскин.
МакфаксМлекото и производите од млеко, коишто се продаваат во Србија во потполност се исправни и немаат штетни последици по з

Пронајдете не на следниве мрежи: