Српски Курир и Заев обелоденија скандал: Амбасадорот на САД барал „социјални пакети“

Катастрофална грешка се случи попладнево, откако по нарачка на Зоран Заев преку „сеачите на магла“ од Србија беше нарачан текст со цел да се обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека наводно договорил „социјални пакети и вработувања“ за борците на УЧК.Обидот за спинување на оваа информација не издржа повеќе од неколку часа, бидејќи секој со пристап до интернет може да ги провери интегралните документи објавени на Викиликс.
Не треба многу да се анализира за да се увиди вистинската состојба. Имено, по овој документ објавен од Викиликс кој беше злоупотребен од Курир.рс, Албанците во Македонија не добија апсолутно ништо. Ниту двојазичност ниту социјални пакети за борците на УЧК кои се дел од ДУИ.
Логично се поставува прашањето, ако албанците добиле двојазичност зошто сега Заев би ветувал, а Зијадин Села и ДУИ би барале федерализација и воведување на албанскиот јазик како втор официјален на територија на цела Македонија?
По овој документ кој беше објавен пред пет години Груевски уште пет пати победи на избори, албанците не добија ниту двојазичност ниту федерализација (освен територијалната поделба реализирана од СДСМ), а граѓаните ја видоа вистината и повторно довербата му ја даваа на ВМРО-ДПМНЕ.
Дека ова е уште еден доказ дека СДСМ и соросоидите тонат во очај, покажува и документот кој несмасно се обиделе од Курир.рс да го фабрикуваат отсечувајќи ги само деловите кои звучат атрактивно. Сепак вистината е поинаква како што и самите можете да видите од приложеното.

Како што може да се види од објавата на Викиликс, извештајот е испратен адреса на Амбасадата на САД во Македонија до различни федерални агенции во САД. Имено, истиот документ е испратен до ЦИА, Военото Аташе на амбасадата во Скопје, Агенцијата за воено разузнавање на САД, Државниот секретар, Државниот секретар за одбрана на САД и до седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Во воведнио дел на писмото пишува дека „Амбасадорот започнал со подвлекување на двете нерешени прашања кои треба да ги спроведе Владата на Р.Македонија, со цел да се комплетираат преговорите за членство во НАТО: социјалниот пакет за жртвите од конфликтот во 2001 година, како и драфт на законот за двојазичност“. На ова Груевски одговорил дека тоа не е вистинскиот проблем, и дека реалниот проблем лежи во цврстата позиција на Грција за неприфаќање на договор за името.
Понатаму во писмото продолжува.

„За време на средбата на 6-ти Фебруари со Премиерот Груески, Амбасадорот ги испорача барањата за продолжување на прогресот кон нтеграција во НАТО“, и понатаму продолжува со констатација дека Амбасадорот го уверил Груески дека САД сака да ги види сите земји од Балканот како НАТО членки. „Амбасадорот го потсети дека има две нерешени прашања од договорот помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ – социјален пакет за жртвите од 2001 година, и драфт закон за двојазичност. Амбасадорот го охрабри Премиерот да започне со имплементација на пакетот за социјална помош на жртвите од конфликтот“ – стои во дописот од Амбасадата на САД во Македонија до институциите и безбеносните агенции во САД.
Токму овој дел го злоупотребил и несмасно го објавил Заев на српскиот Курир, преку неговите сејачи на магла.
Како што може да се види од документот, Амбасадорот на САД вршел притисок врз Македонската влада за имплементирање на социјалните пакети за борците на УЧК како услов за продолжување на преговорите за членство во НАТО.
Секако, ништо од тоа што барала амбасадата не е исполнето, албанците не добија ништо, што всушност е и причината поради која сега Заев, Села и ДУИ одново го отвораат проблемот со двојазичноста и социјалните пакети за борците на УЧК.
Но, понатаму во истиот документ пишува уште нешто многу интересно со што крајно се затвора целиот обид за манипулација, и всушност се истакнува деструктивната улога на САД и Заев во Македонија.

Во третата точка од истиот документ, Амбасадорот известува дека Груевски бил песимистичен по прашањето за воведување на двојазичност и дека никогаш не ветил дека во Македонија ќе има комплетен драфт на законот за двојазичност.
Како што се вели во писмото, Груевски бил исфрустриран од незаинтересираноста на СДСМ да учествува во процесот, на што Амбасадорот одговорил со барање дека мора да се најде решение за двојазичноста на што Груевски искажал незадоволство и ветил дека ќе се обиде да најде солуција.
Како што можеме да видиме од денешна гледна точка, Груевски никогаш не се заложил ниту за двојазичност ниту за социјални пакети за борците на УЧК, а истото граѓаните го видоа на следните пет изборни процеси кога ВМРО-ДПМНЕ водеше со убедливи разлики со по стотици илијади гласови.
Ова само ја покажува паниката во редовите на СДСМ и Сорос, очајноста и калта во која секојдневно пропаѓаат знаејќи дека наскоро се ќе им падне во вода.
 Обидот за спинување на оваа информација не издржа повеќе од неколку часа, бидејќи секој со пристап до интернет може да ги провери интегралните доку

Пронајдете не на следниве мрежи: