Српскиот Парламент избира нова влада

Српскиот Парламент денеска одржува седница за избор на новата влада, на која мандатарката Ана Брнабиќ го презентираше експозето за работа на нејзиниот кабинет и неговиот состав.Идната српска влада ќе биде составена од четворица вицепремиери, 18 ресорни министри и тројца министри без ресор.
Владата се избира со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Народното собрание.
Брнабиќ во образложението на експозето истакна дека образованието и дигитализацијата ќе бидат приоритетни заложби на новата Влада.
Таа притоа нагласи и дека младите не треба да се откажуваат при првата пречка, туку да се борат за идеи и работа, да веруваат во себе и да ги реализираат своите амбиции.
Во однос на дигитализацијата пак, Брнабиќ рече дека тоа создава поквалитетен живот за граѓаните, преку повеќе и поевтини услуги, подостапни информации, како и помасовно поврзување меѓу луѓето.
– Дигитализацијата е повеќе од Ај-Ти индустрија, оти тоа ги вклучува и сите економски гранки и овозможува развој на целото општество, изјави Брнабиќ.Идната српска влада ќе биде составена од четворица вицепремиери, 18 ресорни министри и тројца министри без ресор.
Владата се избира со апсо

Пронајдете не на следниве мрежи: