Панкерка со голем број на тетоважи по телото, порасната како будист и до неодамна не била свесна за своето потекло и наследство.Со своето тетовирано тело и избричена коса изгледа како жилава девојка од акција. Но оваа девојка имала привилегија да расне како што малкумина имаат можност.
Станува збор за Криси Еванс, внуката на диктаторот Сталин, најмалото дете на неговата омилена керќа Светлана.
Криси некогаш се викала Олга и е најмладата ќерка на миленичката на Сталин. Денес таа има 44 години и нејзиниот живот е далеку од она што нејзиниот дедо би го посакал за неа.
Одлучила да живее во американскиот град Портланд, одалечена милиони километри од приватните станови во Кремељ каде нејзината мајка одгледана во луксуз го запознала Черчил.
На фотографиите со пиштол играчка преку рамената позира како Tank Girl, лик од британски стрип од 80 тите. Кристи во Портланд е сопственик на мала антикварница, а иако никогаш не ја посетила земјата на своите предци, станала експерт во готвење на руски јадења.
Пораснала како будист и до неодамна не била свесна за своето потекло и наследство.
-Сталин за мене беше еден од тројцата луѓе кои го победиле Хитлер во Втората светска војна( Сталин, Черчил и Рузвелт). А потоа ја сослушав мојата мајка која ми раскажа за неговите злодела- вели Криси.
Нејзината мајка умрела од рак на 85 години, се омажила веднаш откако дошла во Америка, откако побегнала од земјата во која живеела како принцеза во земјата во која сите би требало да бидат еднакви.
Погледнете го видеото:
Со своето тетовирано тело и избричена коса изгледа како жилава девојка од акција. Но оваа девојка имала привилегија да расне како што малкуми



