Сталоне за забрана на борбеното оружје

Американскиот актер Силвестер Сталоне, кој во кариерата глумеше воени платеници, професионални убијци и атентатори, се заложни за забраната за продажба на борбено оружје во САД, пренесе Sky News.
Ѕвездата на серијалот „Рамбо“ и други филмови со многу насилство своевремено го поддржа ткн Брејдиевиот закон со кој во 1994 година е воведена забрана за јуришното оружје, меѓутоа тој во меѓувреме истече. „Куму му е потребно јуришното оружје. Која војска ќе ја нападне нивната куќа?“, запраша 66-годишниот Сивлестер Сталоне.  Сталоне, кој во меѓувреме повторно толкува улога на платен убиец во својот нов филм „ Bullet To The Head“ смета дека покрај подобрата законска контрола за вооружување, американското општество и здравството треба дополнително да се фокусираат на менталното здравје за да се спречат масовни масакри како оној во основното училиште во гратчето Њутаун кога беа убиени 20 деца на шест и седумгодишна возраст по што започна жолчната дебата за ограничување на производството и поседувањето на полуавтоматското и борбеното оружје во САД.
 
МакфаксАмериканскиот актер Силвестер Сталоне, кој во кариерата глумеш

Пронајдете не на следниве мрежи: