Стапката на невработеност во БиХ на рекордни 44,4 отсто

Стапката на невработеност во Босна и Херцеговина (БиХ) достигна рекордно ниво и според последните достапни статистички податоци изнесува дури 44,4 отсто, објави во средата Агенцијата за труд и вработување на БиХ.Според последните податоци од декември 2012 година, бројот на лица кои во БиХ бараат работа се искачил на 550.574.Истовремено бројот на вработените во БиХ изнесувал околу 686.000, што е за 0,3 отсто помалку во однос на 2011 година.Значително зголемување на невработеноста во БиХ забележано е во втората половина од 2012 година, а бројот на невработени во декември е зголемен за 1,8 отсто, во однос на истиот период лани.Проценките за бројот на невработени во БиХ варираат зависно од тоа каква методологија се применува.Во меѓународните финансиски институции како Светската банка сметаат дека треба реално да се зема в предвид и значителниот дел на сивата економија во која се активни голем број на луѓе кои формално се пријавени како невработени.Преку изработката на таканареченета анкетна стапка на невработеност, стапката на невработеност изнесува 28 отсто.
МакфаксСтапката на невработеност во Босна и Херцеговина (БиХ) д

Пронајдете не на следниве мрежи: