Постарите верувале дека за да ги задржите парите во домот, не треба да потрошите ниту еден денар на денот кога сте земале плата. Без оглед дали верувате во овие работи или не, во прилог ви донесуваме неколку народни верувања за да привлечете пари.1. Кога да позајмите пари и да барате покачување на платата
Покачување на платата треба да барате во среда. Не позајмувајте им пари на пријателите и познаниците во вторник. Според верувањата, наутро треба да се дава и зема заем зашто било какви операции со парите кои ги правите навечер ќе водат до пропаст. Потрудете се никогаш да не барате пари на заем, а почесто да им давате пари на оние кои бараат, бидејќи така ќе ги „програмирате“ парите да се вратат на друг начин.
2. Платата треба да преноќи
За парите да го засакаат вашиот дом, немојте да ги трошите истиот ден кога сте земале плата. Според верувањата, целата сума треба да преноќи во вашиот дом.
3. Позајмување на соседите
Не чини да им позајмувате леб или сол на соседите, затоа што финансиската сигурност ќе го напушти вашиот дом и ќе отиде во соседното семејство.
4. Куќни правила за полн буџет
Нема да имате пари доколку свиркате во собата или ако со рака ги чистите трошките од масата.
5. Кога џебовите ви носат пари
Наполнете ги џебовите од облеката во шкафот со ситни пари. Парите не сакаат искинати џебови или паднати копчиња.
6. Старо верување за метлите
За да имате пари во домот, треба метлата да ја поставите со рачката надоле.
7. Направете триаголник од 10 денарка
Во најмалата преграда од паричникот, чувајте десет денарка која ќе ја свиткате во триаголник. Исто така, во паричникот треба да постои и среќна монета – први заработени пари или пари добиени од добар човек. Таа пара не треба да се потроши, бидејќи е талисман на финансиска сигурност.
8. Чувајте ги металните пари
Никогаш немојте да го држите новчаникот празен. Секоја пара треба со главната страна да биде свртена кон сопственикот.
9. Не крадете ја туѓата среќа
Добиените пари на коцка, нечесно заработените пари или искинатите, не носат среќа и затоа не треба да се задржуваат во вашиот паричник. Поделете им ги на сиромашните.
10. Чувајте барем една крупна пара
Во куќата или во станот треба година дена да се чува една крупна новчаница, која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.1. Кога да позајмите пари и да барате покачување на платата
Покачување на платата треба да барате во среда. Не позајмувајт
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.