И покрај тоа што живееме во 21 век, овие народни верувања се распространети на нашите простори. Ви пренесуваме неколку народни верувања кои се актуелни и ден-денес.Ова се дел од нив:
– Ноктите не се сечат во туѓа куќа.
Ако некој гостин, без претходен договор со вас, сече нокти во вашиот дом, знајте дека ви посакува неслога и караница.
– Гостите од куќата не треба сами да изнесуваат подароци.
Ако сакате некому да подарите нешто, сами изнесете го предметот и предајте го на порта или на улица. Ако го направите спротивното и му дозволите на гостинот да изнесе нешто од вашиот дом, се толкува дека сте му дозволиле свесно да ја однесе благостојбата од домот.
– Ако ве чеша десната рака?
Старо верување дека ќе изгубите пари.
– Ако ве чеша левата рака?
Значи финансиска добивка.
– Ако ве чеша нос?
Значи дека ќе се карате со некого.
– Зошто треба да се избегнува во ист ден да се сечат ноктите на рацете и нозете?
Ако во ист ден ги сечете ноктите на рацете и нозете, во домот може да дојде до несреќа или жалост.



