Статус на Павле Саздов: Двојни аршини

Изреволтирани од нереалните барања на СДСМ како и од поддржувањето на странците за диктатура на медиумите, се повеќе познати личности своите ставови ги искажуваат на социјалните мрежи. И покрај тоа што тие во своите држави немаат никакви регулации за медиумите во Македонија сакаат да наметнат целосна диктатура.Својот став на социјалите мрежи го искажа и Павле Саздов а ние во целост го пренесуваме:
Да појасниме. ‪#‎сдсм‬ и странциве бараат строга регулација на медиумите (читај контрола). Да видиме како е кај нив дома. САД нема речиси никаква регулација на медиумите. Приватните медиуми си работат согласно своите стратегии онака како што одговара за нивниот бизнис. Така е и во изборниот период. Њу Јорк Тајмс најтиражниот весник отворено застана позади кампањата на Хилари Клинтот. Уште во оваа фаза кога изборите се за кандидат во рамки на самите партии. Другите медиуми неофицијално го следат нивниот пример па така кампањата на Берни Сандерс е многу малку покриена нормално благодарение на парите со кои Хилари ја купува нивната подршка. Од другата страна Доналд Трапм нема платена медиумска кампања а е покриен од сите медиуми. Џеб Буш потроши повече од 100 милиони долари и се откажа заради слабиот резултат. Да не ги коментираме Фокс и СиЕнЕн. И оваа состојба во САД е нормална. Пазарно општество. Нема мешање во уредувачката политика. Нема регулација, казни, затворање на медиуми. Ама затоа тука им е Македонија да си ги лечат своите комплекси. Па тоа што фали кај нив да го продаваат како наш недостаток. Лицемерие, непристојност, двојни стандарди. Навикнавме, ама не им поминува повеќе.Својот став на социјалите мрежи го искажа и Павле Саздов а ние во целост го пренесуваме:
Да појасниме. ‪#‎сдсм‬ и странциве бараат

Пронајдете не на следниве мрежи: