Саше, мислење се заснова врз информации. Кои се информациите што ние ги имаме за прислушкувањето? Лидер на партија кој има нула национален кредибилитет заради претходните изјави и однесување тврди дека располага со материјал од прислушкување за кој самиот изјавува дека е добиен од странски служби.Во прилог ви го пренесуваме статусот на истакнатиот професор Горазд Росоклија, во кој тој го елаборира своето мислење за неодамнешните случувања во Македонија преку разговорот кој тој го има водено со Саше Политико:
„Саше, мислење се заснова врз информации. Кои се информациите што ние ги имаме за прислушкувањето? Лидер на партија кој има нула национален кредибилитет заради претходните изјави и однесување тврди дека располага со материјал од прислушкување за кој самиот изјавува дека е добиен од странски служби. Материјалот го употребува за уцена на премиерот на државата (кој и да е) како тој самиот би дошол на власт, наместо да го стави на располагање на јавноста и да побара формирање комисија експерти и независни некомпромитирани интелектуалци кои би го проучиле. Откако не му успева уцената, дозирано, по негов личен избор, објавува делови од тој материјал? Може ли да изнесам мислење без да се направи анализа на целиот материјал и без да се види кој се прислушкувал, кои служби и по чија наредба? Вредноста на кажаното е одредена од вредноста и кредибилитетот на оној што кажува. Заев ги нема тие вредности, а со обидот да го злоупотреби материјалот кој го поседува и со дозираното, од него селектирано изнесување на поедини делови, дополнително го обезвреднува самиот материјал како и чинот на прислушкување. Основните прашања, кој се прислушкувал, кој му го дал материјалот, со какви мотиви, што е вистина, што е монтажа, дали е вистина кога на премиерот му вика дека материјалот го добил од странски служби, кога на Верушевски му пишува за странски премиер, или сега кога вика дека му е од домашни извори, остануваат неодговорени? Си забележал дека зборувам за поезија, за емоции, за наука, за образование, но никогаш за дневна политика. Не ме интересира и немам информации за да мислам. На 29 февруари има премиера на ,,Љубовници” во Драмски. Обиди се да најдеш карти и да ја видиш со сопругата. Фантастична е. Поздрав, ГораздToday
11:59amSashe Ivanovskiprofesoreme cudi vashatasmiernost po ova prashanjeno ve pocituvammozebi vie ste vo pravo.pozzz i fala na odgovorot
12:03pmGorazd RosoklijaСаше, дали моето или било чие мислење изнесено на некој крај на оваа афера, кога ќе ги знаеме сите факти, ќе има помала вредност?Дали ти можеш да ја гарантираш автентичноста на сите снимки што ги ослободува Заев?Зошто целиот материјал не го предаде на независна комисија? Дали Македонија нема 3 или 5 или 7 експерти и интелектуалци кои не можат да бидат влијаени од било која политичка партија? Мислам дека има.Во секоја земја, за вакви ситуации се именува комисија чии заклучоци се основа за се понатаму.Заев од сето ова направи циркус, а во основа би се работело за вистинска национална драма.
12:04pmSashe Ivanovskiвие професорекон сдсм се однесуватесо многу негативна енергијакако да ви убиле детеи дури и сега кога снимките се гледа дека сеавтентични и никој не ги негира
12:04pmGorazd Rosoklijaјас на пример одбив да застанам зад граѓанската инцијатива и така натаму од истите причини заради кои ти го изнесов мојот став кој мотивиран од тебе го ставив и на Фб
12:04pmSashe Ivanovskiвие пак нештонародски кажанопаламудитено ви рековможеби сте во правосекогаш оставам 10% можностда грешам за се
12:05pmGorazd Rosoklijaкон сдсм како партија имам негативен став заради тоа што таа партија е одговорна за многу зла во оваа земја, а сем формална промена на лидерот, не се смени саматано немам негативен став кон се што е вредност на нацијата
12:06pmSashe Ivanovskiкако
12:06pmGorazd Rosoklijaгледај, на ФБ сите се високо моралнино, кога требаше да се соберат пари, да се плати кирија за семејство кое има аутистично дете, целиот тој ФБ не собра ниту 500 денари, а требаше 9.000…“
Останатиот дел од разговорот, можете да го прочитате тука:
Post by Gorazd Rosoklija.
Во прилог ви го пренесуваме статусот на истакнатиот професор Горазд Росоклија, во кој тој го елаборира своето мислење за неодамнешните случувања во