Иако најдобра опција е да ги отворите прозорите во вашата соба да влезе чист воздух, за жал во тој случај ви се создава нов проблем а тоа се муви, комарци и останати различни инсекти кои едвај чекаат да влезат во вашиот дом.

На ваша среќа, постои трик кој ќе ве спаси од тие мали напасти.
Се што ви е потребно е рерна и два, три лимони.
Пред да одите на спиење, исечете неколку лимони на пола и ставете ги во рерна чија врата ќе ја оставите отворена. Наутро кога ќе се разбудите, затворете ја вратата на рерната и уклучете ја само на неколку минути.
По тоа исклучете ја и оставете ја вратата повторно отворена. Вашиот дом ќе мириса убаво и нема да видите ниту еден инсект.